Friday, 09 April 2010 20:58 Фудбал

Шпанија Реал Мадрид и Барселона ги објавија списоците со играчите повикани за утрешниот натпревар на Бернабе и Ел Класико ќе биде посиромашно поради неиграњето на Ибра и Кака

Поранешниот играч на Интер, заработи повреда на загревањето пред натпреварот со Атлетик Билбао, што се одигра минатиот викенд на Камп Ноу.

Напаѓачот го пропушти и натпреварот со Арсенал во Лигата на Шампионите а сега ќе го пропушти и дерби дуелот со Реал Мадрид откако не успеа на време да се опорави од повредата на мускулот во десната нога.

Пеп Гвардиола објави список од 19 фудбалер кои ќе патуваат за Мадрид и на него го немаше Златан Ибрахимович но затоа пак во тимот на Барса се врати Жерард Пике.

Шведскиот интернационалец поради повреда беше под знак прашалник и за првото Ел Класико оваа сезона, но тогаш на Камп Ноу влезе во вториот дел од клупата за резерви и го постигна победоносниот погодок.

Покрај Ибра, Пеп не може да смета и на Ерик Абидал, кој се повреди во вторникот на дуелот со Арсенал и ќе отсуствува околу десет дена.

Кај екипата на Реал Мадрид ќе недостасува големот летно засилување, Кака, кој се мачи со повреда на препоните уште од 10ти март.

Пелегрини се надеваше дека Бразилецот ќе настапи на дуелот со Барса но откако плејмејкерот и оваа недела работеше индивидуално, Чилеанецот нема да може да смета на Кака.

По одлежаната суспензија кај Кралевите се враќаат Серхио Рамос и Чаби Алонсо.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...