Friday, 09 April 2010 20:55 Фудбал

Шпанија Стратегот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека дуелот со Реал Мадрид не е одлучувачки за титулата но признава дека тој што ќе победи ќе има огромни шанси за успех во Ла Лига

Гвардиола вели дека дуелот со Реал Мадрид не е финале но ги советува своите играчи да играат како на финале бидејќи од резултатот од утрешниот натпревар на Бернабе во голема мера ќе зависи кој ќе биде шампион.

“Ова е натпревар во кој оној што ќе победи ќе му нанесе голем удар на другиот.” – рече Гвардиола.

“Дуелот со Реал е важен но не е одлучвачки, тоа нема да биде финале. Но ќе мора да играме како на финале бидејќи во спротивно можеме да ја изгубиме титулата на Бернабе.”

За минатогодишниот триумф од 6-2 над Реал, Пепе рече: “Мислам дека таа победа е уникатна и неповторлива.”

“На Бернабе треба да одиграме офанзивно. Уште еднаш треба да демонстрираме за што сме способни и дека заслужуваме да ја одбраниме титулата.”

“Мораме да бидеме храбри, да ги нападнеме бодовите, бидејќи тоа е една од причината зошто ние сме горди.”

Запрашан зошто по пласманот во полу-финалето од Лигата на Шампионите им забрани на фудбалерите да зборуваат за Ел Класико, Пеп рече.

“Дуелот со Арсенал беше многу тежок и сакав само да уживаме во успехот. Најдобар начин да се одмориме по исцрпувачкиот натпревар со Топџиите беше да молчиме.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...