Шпанија Кристијано Роналдо се надева дека Реал Мадрид ќе успее да триумфира на Ел Класико и верува дека Кралскиот клуб оваа сезона ќе освои титула

Португалецот денеска се појави на прес-конференција пред медиумите од Шпанија и секако доминираа прашањата за неговиот дуел со Меси.
“Јас сум постар, повисок и поширок од Меси.” – рече Роналдо.
“Тој има феноменална сезона, ужува во одличен момент и тој е еден од најдобрите играчи во моментов но и на сите времиња.”
“Јас одлично ја вршам работата во Реал Мадрид. Среќен сум тука и сигурен сум дека годината што ќе ја поминам тука ќе биде многу добра.”
“Во сабота ќе има дуел Роналдо-Меси? Не се работи за дуел помеѓу мене и Меси. Јас и Меси не сме единствените играчи на теренот и тоа нема да биде индивидуален натпревар.”
“Јас сакам да му помогнам на Реал да освојува титули а верува дкеа и Лео сака да и помогне на Барса да освојува титули. Ние сме многу различни. Потребно е да продолжиме со работата.”
“Се надевам дека меси ќе продолжи да постигнува погодоци, но не и во сабота.”
“Меси не игра сам, и неговите соиграчи заслужуваат многу пофалби. Тој е феноменален, но е опкружен со многу добри играчи. Барселона е комплетен тим а на нас сеуште ни недостасува ’нешто’.”
“Се надевам дека ние ќе станеме многу покомплетини.”
За ’Ел Класико’ Роналдо рече: “Тоа не е натпреварот на мојот живот. Но е многу специјален натпревар со голема одговороност. Нема да биде ниту првиот ниту последниот што ќе се одигра. Сакам да победиме и да останеме пред нив на табелата.”
“Со оглед на околностите во шампионатот, натпреварот изгледа убав и е специјален, но јас се обидувам да славам против секој тим што се среќавам. Немам ништо против Барселона. Ние сме двата најдобри тима во шампионатот. Нека победи подобриот и мислам дека тоа ќе биде Реал Мадрид.”
“Бидејќи ист број на бодови, победникот во сабота ќе има поголема предност за освојување на првенството, но сеутше има многу натпревари до крајот и потребно е да победиме на сите нив.”
“Дали посакуваме одмазда по ланскиот пораз од 6-2? Се работи за различни натпревари со различни играчи. Ние не чувствуваме потреба за одмазда. Свесни сме дека овој натпревар може да биде решавачки за Ла Лига. Имаме голема амбиција да победиме.”
“Кој е фаворит? Секогаш сакате да мислите дека вие сте фаворитот. Тој што ќе ја има повеќе топката во свои нозе ќе има повеќе шанси за погодок и победа. Натпреварот ќе биде многу балансиран и ќе биде решен од детали.”
“Барселона беше најдобриот тим во светот минатата година.”
“Дали ќе биде неуспех ако не освоиме титула оваа сезона? Може да се каже дека сезоната е лоша, бидејќи за тим како што е Реал Мадрид не е добро да не се освои ништо.”
“Но сигурен сум дека ќе освоиме трофеј.”
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk