Thursday, 24 March 2016 14:24 Фудбал

Македонија | Александар Трајковски нема да биде во комбинација за пријателскиот натпревар со Бугарија, под знак прашалник се и Горан Пандев, Иван Тричковски и Леонард Жута...



„Црвено-жолтите“ се соочуваат со проблеми во пресрет на вториот контролен натпревар против нашиот источен сосед во вторник во Скопје.

Александар Трајковски доби дозвола пред време да се врати во Палермо по заедничкиот договор помеѓу селекторот на Македонија и стручниот штаб на „Сицилијанците“.

Неизвесни за дуелот со Бугарија се и Горан Пандев, Иван Тричковски и Леонард Жута.

Капитенот на Македонија го пропушти утринскиот тренинг во Словенија откако вчера доби удар во главата и поради оваа повреда беше заменет уште на полувремето.

Иван Тричковски има контузија на градниот кош, а Леонард Жута дисторзија на скочниот зглоб.

Нивната ситуација ќе биде следена, и во следните денови ќе се донесе одлука за тоа дали ќе бидат во комбинација за дуелот со Бугарија.

Стручниот штаб на националниот тим, исто така дополнително ќе реши дали да повика некој друг фудбалер.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...