Wednesday, 23 March 2016 14:22 Фудбал

Македонија | Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18 часот во Копер игра пријателски натпревар против Словенија...



Македонските репрезентативци во позитвна атмосфера и повторно предводени од Пандев ќе влезат во вечерашниот натпревар против Словенија.

Селекторот Ангеловски нема проблеми со повредени фудбалери па ќе има слатки маки да ги избере стартните 11.

„Немаме повредени, сите играчи се здрави и ме радува добрата атмосфера во која работиме, фудбалерите се желни за настап и добар резултат. Во натпреварот влегуваме за да го добиеме, сакам офанзивен стил, да играме напаѓачки, тоа ќе го барам од фудбалерите“ - изјави Ангеловски.

По две ипол години во составот се враќа и Горан Пандев, неговото присуство треба дополнително да ги мотивира фудбалери за добра партија и позитивен резултат од Копер.

„Репрезентацијата за мене е светост, тешко ми беше кога не играв. Ме боли кога гледам на кое место сме. Тука сум сега да помогнам. Ми фалевте овие години, среќен сум што запознав и некои нови деца кои сега се во репрезентацијата“ - вели Пандев.

Македонија во Копер ќе ја брка четвртата победа против Словенија, до сега имаме три од три. Во 1993 победивме во Крањ со 4-1, година подоцна во Скопје славевме со 2-0. Во 2012 исто така во Скопје ги победивме Словенците со 3-2.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...