Thursday, 03 March 2016 17:41 Фудбал

Италија | Рики Алварез, кој настапува на позајмица во Сампдорија, вели дека не знае дали е фудбалер на Интер или Сандерленд...



Аргентинецот во септември 2014 се пресели во Сандерленд на позајмица од Интер, но „Црните Мачки“ се обврзаа во целост да го откупат играчот доколку обезбедат опаснок.

Сепак, клубот од Стадионот на Светлината одби да го направи трансферот на Рики Алварез перманентен со оправдание дека фудбалерот пристигнал кај нив повреден.

Двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик, па целиот случај заврши пред ФИФА. Светската куќа на фудбалот пресуди во корист на „Нероаѕурите“ но Сандерленд достави жалба.

И додека двата клуба се натегаа околу тоа кој правилно го толкува договорот, Рики Алварез беше оставен на цедило и сам се подготвуваше за новата сезона.

Дури на почетокот од оваа година доби дозвола да потпиша за друг клуб и тој се пресели во Сампдорија, каде ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.

„Се уште не знам кој клуб ме поседува” – вели Рики Алварез во интервју со Ла Република.

„Ситуацијата не е добра, но утеха е тоа што фудбалерите често не знаат каква е нивната иднина”.

„Јас само сакам да се прикажам во добро светло и со Сампдорија да потпишам „вистински“ договор”.

„Не ми беше лесно да тренирам сам со месеци, не посакувам ниту еден фудбалер да искуси нешто такво”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...