Monday, 05 April 2010 12:10 Фудбал

Италија Според медиумите од Италија, екипата на Милан се откажува од идеата да го ангажираат Един Џеко и планираат да го задржат Клас Јан Хунтелар

Интернационалецот од БиХ беше примарна цел на Милан минатото лето но Росоњерите не можеа да постигнат согласност со екипата на Волфзбург иако се веруваше дека тие веќе ги имаат договорено личните услови на Един Џеко.

Кон крајот на летниот трансфер период, Милан го ангажираше Клас Јан Хунтелар но интернационалецот од Холандија не имресионираше премногу и добива мала шанса од Леонардо.

Се веруваше дека Росоњерите по крајот на сезоната одново ќе се обидат да го ангажираат Џеко а за таа цел се подготвени да го жртвуваат Хунтелар и преку продажба на Холанѓанецот да соберт дел од средствата за ангажман на напаѓачотна Волфзбург, кој се проценува на околу 40 милиони евра.

Но последните извештаи од Италија говорат дека Милан ќе се откаже од намерата да го ангажира Џеко.

Sportmediaset.it вели дека Милан планира да продолжи со Хунтелар и следната година а спортскиот директор Ариедо Браида има големи очекувања од поранешниот напаѓач на Реал Мадрид.

Хунтелар се запиша во листата на стрелци на дуелот со Каљари и по натпреварот Браида рече: “Хунтелар е перфектен. Тој постигнува погодоци и никој не може да упати удар како него, па зошто да го продадеме?”

Покрај тоа Росоњерите се соочуваат со голема конкуренција за ангажман на Џеко со екипите од Англија.

Во последно време се погласни се шпекулациите дека и Тотенхем го посакува Џеко, кој од поодамна е следен од Челзи, Арсенал и Манчестер Сити.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...