Tuesday, 23 February 2016 14:13 Фудбал

Македонија | Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски упати јавна покана до Дарко Панчев и останатите фудбалски легенди за разговор на тема подобрување на состојбите во македонскиот фудбал...



Македонскиот репрезентативен фудбал го живее најлошиот период, речиси и да нема веќе селекција во Европа против која ќе ја имаме улогата на фаворит. Состојбата е далеку од идеална и во домашното првенство.

Иницијативниот одбор „Обединети за фудбалот“ на чело со Дарко Панчев влезе во отворена битка со ФФМ за подобрување на состојбите на фудбалот во Македонија.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски верува дека работите во фудбалот се движат добро и чекори по вистинскиот пат. Синоќа беше гостин во првата емисија на „Куќа на фудбалот“ преку која јавно ги повика македонските фудбалски легенди за разговор за подобрување на фудбалот во нашата земја.

„Дарко Панчев и сите останати фудбалски легенди не задолжиле со игрите во минатото. Вратата на Фудбалската федерација на Македонија секогаш е отворена за нив. Имаат отворена покана, подготвени сме да разговараме доколку на вистински начин сакаат да придонесат да ги подобрите состојбите во македонскиот фудбал“ - изјави Илчо Ѓорѓиоски.

Тој потврди дека системот на натпреварување во Првата и Втората Македонска фудбалска лига ќе претрпи измени.

„По комплетна анализи на терен во последните две години произлезе потребата за промена на системот за натпреварување во МФЛ, почнувајќи од Првата лига која ќе биде со четирикружен систем и поделба на Втората лига на источен и западен регион“.

Претседателот на ФФМ, очекува и подобри резултати во следниот квалификациски циклус и покрај тешките противници.

„Очекувам дека ќе имаме многу попозитивни резултати во следните квалификации, без разлика на силните противници во групата. Шпанија и Италија се апсолутни фаворити, би бил задоволен доколку се пласираме пред Израел и Албанија. Ние сме сервис на А репрезентацијата, како федерација создаваме услови за нормално функционирање на репрезентацијата. Се обидуваме да им ги овозможиме најдобрите услови, секако не ги забораваме и останатите селекции“.

Иницијативниот одбор за спас на фудбалот не верува во зборовите на Илчо Ѓорѓиоски, напротив, „Обединети за фудбалот“ сметаат дека раководството на ФФМ не е способно да ја подобри состојбата денеска преку соопштение го оспорија легитимитетот на Собранието.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...