Tuesday, 23 February 2016 14:04 Фудбал

Македонија | Иницијативниот одбор за спас на фудбалот, „Обединети за фудбалот“ преку соопштение поставува прашања за легитимитетот при изборот на актуелниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски...



Соопштението ви го пренесуваме во целост:

ПРАШАЊА КОИ НЕМА ДА БИДАТ ПОСТАВЕНИ НА ПРЕTСТОЈНОТО СОБРАНИЕ НА ФФМ

Се соочуваме со фактот дека на членот на „Обединети за доброто на фудбалот во Македонија“, на господинот Љубомир Ѓурчевски, ФФМ (читај претседателот) веќе вторпат му го одзема правото на достава на материјали, но и правото на присуство на претстојното Собрание на ФФМ, закажано за 5 март, со помош на нелегитимни и нелегални дејствија.
На овој начин, брутално кршејќи го притоа Статутот, како и други акти, претседателот на ФФМ се обидува да ја продолжи веќе востановената практика на организирање на собранија, на кои на делегатите кои му ја дадоа довербата да го управува и раководи фудбалот, во половина час (колку што просечно траеја претходните собранија) ќе им ја раскаже ”убавата” приказна” за успесите на македонскиот фудбал.
Без дискусија.
Без прашања.
Без одговори.
„Обединети за фудбалот“ го сметаат ова како уште еден доказ за бегање од одговорноста за состојбите во кои е донесен фудбалот, поради неспособноста, но и немањето демократски капацитет (што оди едно со друго) во управувањето и раководењето со фудбалот во Македонија.
Македонска спортска и фудбалска јавност имаат право, а делегатите на Собранието на ФФМ и обврска, да бидат информирани за начинот на кој претседателот на ФФМ ја користи довербата која му е укажана и правото да ги “реди коцките” и управува со значителни финансиски средства и човечки ресурси.
И да објасни.
Затоа, ние од „Обединети за фудбалот“ ќе мораме на претседателот на ФФМ јавно да му поставиме прашања, кои нема да можат да му бидат поставени на наредното Собрание, а кои се од општ фудбалски интерес.
Прашањата ќе бидат во неколку групи, а одговорите (ние ги знаеме) треба да ја отсликаат и прикажат вистинската слика на македонскиот фудбал и причините кои до тоа доведоа.

Л е ги т и м и т е т и Р е г у л а р н о с т

1. Дали за првобитната кандидатура и за изборот за претседател постои валидна официјална документација дека кандидатурата е направена во рок предвиден со Статутот?
2. Дали по завршеното изборно Собрание во Централниот регистер на Македонија е предаден усвоениот Статут, но истиот самоволно и нерегуларно е изменет?
3. Дали истиот Статут го потпишало лице кое во моментот на донесување било овластено за негов потпис?
4. Дали е регуларно Собранието на кое учествуваат делегати избрани надвор од статутарните одредби кои се однесуваат на условите потребни еден општински фудбалски сојуз да може да делегира свои делегати?
5. Дали е регуларно Собранието на кое не се примени и верифицирани членки кои согласно Статутот морале да бидат примени, бидејќи ги исполнуваат потребните и предвидени услови?
6. Дали е регуларно Собранието на кое на еден делегат на нерегуларен начин не му се доставуваат материјали за истото, се спречува неговото присуство и така се спречува поставување на прашања чии одговори можат суштествено да влијаат на понатамошното функционирање на Федерацијата?
Во наредниот период ќе продолжиме и со другите прашања што нема да бидат поставени на претстојното Собрание, но јавноста секако бара одговори на нив.
Скопје 23.02.2016

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...