Wednesday, 17 February 2016 14:40 Фудбал

Англија | Фан на „граѓаните“ го истетовирал потписот на „педофилот“ па сега после скандалот сака да го избрише...



Пред 5 години навивачот на Манчестер Сити по име Роб Мјулен си го истетовирал потписот на Адам Џонсон на тој начин сакајќи да му оддаде почит на играчот кој според него бил еден од најзаслужните за освојувањето на ФА Купот. Тогаш „граѓаните“ го совладаа Стоук во финалето и дојдоа до првиот трофеј после цели 34 години.

„Кога ја направив тетоважата Џонсон беше мојот омилен играч, толку што дури и на фејсбук си го променив името во Robert 'Adam Johnson' Mullen. Освојувањето на ФА Купот за нас навивачите беше огромен успех и сакав нешто што ќе го овековечи настанот, но и во исто време ќе биде кул: така се решив Џонсон да го истетовирам на ногата и тоа кога го сретнав во фан шоп на Сити. Веќе наредниот ден отидов на тетовирање мајка ми и девојка ми не беа возбудени од мојата одлука. Никогаш не можев да си замислам дека ќе се случи нешто вакво.“

Но, признавањето на вината пред една недела за случајот „секс со малолетничка“, односно 15-годишно девојче, доведе до тоа сите да се ужаснат од Џонсон. Неговиот досегашен клуб Сандерленд го избрка, а Адидас веќе му го раскина договорот. Па ништо чудно што и навивачот на Сити не сакал да има повеќе ништо со него.

„На времето тој го негираше сето тоа. Но, сега откако ја призна вината работите се влошија и ми нема смисла да имам тетоважа од некој таков. Поради тоа сакав да ја тргнам што побргу.“

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...