Македонија | На разочарување на суспендираните млади играчи на Металург, Дисциплинската комисија при ФФМ им ја потврди 6-месечната суспензија, па сега објаснува зошто...
Без да даваме свој коментар, во прилог целосното оригинално објаснување на ФФМ (направивме само лекторирање бидејќи имаше потреба од такво нешто):
“Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на седницата одржана на 16. февруари 2016 година ги разгледа предлог одлуките на Комисијата за статут и правилници во врска со поднесените предлози за заштита на одредбите на Дисциплинскиот правилник на ФФМ поднесени од фудбалерите Јевтоски, Тантуровски и Илиевски; Ристовски, Талески и Ангелов; Бакрачески;
Управниот одбор на ФФМ притоа ги усвои предлог одлуките, односно утврди дека барањето за заштита на одредбите од член 3 и член 5 се неосновани;
Заради појаснување во однос на правата на фудбалерите и клубовите генерално треба да се истакне заклучокот на второстепената комисија на ФФМ истакнат при одлучувањето по наведените предмети:
- Правото на клубот да бара исполнување на обврските од страна на фудбалерите, не треба да се проценува врз основа на вината која ја има поради неисполнување на неговите обврски. Поднесувањето на барањето на раскин на договор од оправдани причини не претставува стекнување на право на фудбалерот да не ги почитува обврските од професионалниот договор, туку претставува остварување на право да го раскине договорот пред истекот на неговото времетраење на штета на клубот. Обврските по договорот завршуваат оној момент кога договорот е истечен или раскинат на еден од предвидените начини, сè до тој момент обврските од склучените договори наведени во член 2 односно 6 од професионалните договори ги обврзуваат фудбалерите, а видно од договорите е дека не постои истовременост или уловеност на договорените страни.
Доколку фудбалерите на ФК Металург поднеле барање за раскин и при тоа ги почитувале одредбите на професионалните договори и актите на клубот и ФФМ и ги извршувале превземените обврски, против истите клубот нема да имал основ да поведе дисциплинска постапка и изрече дисциплинска санкција.
Сите фудбалери кои поднеле барање за раскин на договор поради три неисплатени плати, а ги почитувале одредбите од професионалниот договор и обврските кон клубот добиле раскин на договорот на штета на клубот, без притоа да имаат било какви изречени санкции од клубот.
Познавањето на актите и правилата на фудбалската организација од страна на фудбалерите можеше да го спречи изрекувањето на дисциплински санкции.“
Извор: 24FUDBAL.com.mk