Tuesday, 16 February 2016 13:31 Фудбал

Останато | Андреј Шевченко му се враќа на фудбалот, популарниот „Шева“ денеска беше презентиран како нов член на стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Украина...



Легендата на Украина во 2012 доби понуда да седне на селекторското столче на репрезентацијата, но Андреј Шевченко тогаш ја одби понудата бидејќи ги немаше потребните лиценци ниту пак искуство.

Четири години подоцна, Андреј Шевченко ја прифати понудата да и помогне на репрезентацијата, тој денеска официјално беше потврден како нов член на стручниот штаб на селекторот Михаило Фоменко.

„Ова е голема чест и сериозна одговорност” – вели поранешниот напаѓач на Милан и Челси.

„По четири години пауза, му се враќам на фудбалот на голема сцена. Се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба”.

„Работев со одлични тренери како Валери Лобановски, Карло Анчелоти и Жозе Мурињо. Научив многу од нив”.

„Исто така, курсевите за тренер ми помогнаа да развијам сопствени идеи и моја визија за фудбалот”.

„Се надевам дека ќе им помогнам на играчите да достигнат ново ниво”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...