Thursday, 01 April 2010 19:34 Фудбал

Англија Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегс ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната откако тестовите потврдија дека има мала скршеница на десната нога

Фабрегас ја заработи повредата во завршните минути на возбудливиот натпревар помеѓу Арсенал и Барселона во Лигата на Шампионите и сега се соочува со пауза од околу шест недели.

Шпанскиот интернационалец се здобил со ситна скршеница на десната фибѕла при дуелот со капитенот на Барселона, Карлес Пујол, дуел по кој судијата покажа на белата точка а Цеск беше реализатор на најстрогата казан.

Но веднаш штом тргна да ја земе топката од мрежата, Фабрегас почувствува болка и почна да потскокнува на едната нога но остана на теренот до последниот свиреж на судијата со оглед дека Топџиите веќе ги направија трите замени.

Самиот играш уште вчера призна дека почувствувал како нешто му се скршило и стравуваше од најлошото а деталните прегледи извршени врз него денеска го потврдија токму тоа.

Талентираниот играч од средниот ред нема повеќе да игра за Арсенал оваа сезона но сеуште постои голема надеж дека тој ќе се опорави на време за Светското Првенство.

Соопштението на официјалната веб страна на Арсенал гласеше: “По извршените прегледи ова попладне, клубот може да потврди дека Цеск Фабрегас има мала скршеница на десната фибула како резултат на сударот со дефанзивецот на Барселона, Карлес Пујол за време на вчерашниот натпревар.”

“Како последица на тоа, Цеск ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната и ќе биде надвор од теренот најмалку шест недели.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...