Thursday, 01 April 2010 19:27 Фудбал

Англија Екипата на Манчестер Јунајтед потврди дека Вејн Руни има ’ситна повреда на скочниот зглоб’ но повеќе детали за фитесот на играчот ќе даде утре Сер Алекс Фергусон

Англискиот интернационалец се повреди во завршните мигови од натпреварот против Баерн Минхен во четврт-финалето од Лигата на Шампионите.

Руни го повреди десниот скочен зглоб при еден дуел со Марио Гомез во развивањето на акцијата со која Баварците го постигнаа победносниот погодок преку Ивица Олиќ.

Медиумите од Островото вчера прогнозираа дека Руни ќе паузира од две до четири недели но постоеа и стравувања дека напаѓачот можеби ќе го пропушти и Светското Првенство.

Но таквите песимистички претпоставки беа отстранети од пртпаролот на Манчестер Јунајтед кој потврди дека Руни има само ситна повреда на лигаментите на скочниот зглоб.

“Задоволни сме што можеме да соопштиме дека Руни нема фрактура на ногата.” – рече портпаролот на Јунајтед за ManUtd.com

“Деталните прегледи покажаа дека тој има само мало оштетување на лигаментите на скочниот зголб.”

Црвените Ѓаволи одбиваат да кажат колку време ќе отсуствува Руни од терените, но сигурно е дека тој ќе го пропушти викенд натпреварот со Челзи како и реванш дуелот со Баерн Минхен.

Се очекува Сер Алекс Фергусон на редовната петочна прес-конференција да даде повеќе информации за состојбата на Руни.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...