Македонија | Оперативниот менаџер на ФК Вардар, Алекандар Мојоски за официјалниот сајт на клубот објаснува како поминува еден ден во Анталија на играчите на македонскиот шампион...
Вардар и оваа зима ги одработува подготовките во Анталија, оперативниот менаџер Александар Мојсоски раскажува како им поминува еден ден на фудбалерите во тренинг базата.
„Денот на фудбалерите е исполнет со одрнапред испланирани активности. Пред утринскиот тренинг имаме појадок а потоа и пладневен ручек. Во попладневните часови играчите имаат слободно време за прошетка и одмор во пресрет на вечерниот тренинг. Вечерните часови најчесто ги користат за релаксација во спа-центарот по тренинзите, додека по вечерата, дел од нив пред задолжителното легнување во 23 часот, одат на масажа кај нашите физиотерапевти. За време на нивните движења низ хотелскиот комплекс, сите се облечени во идентична опрема со препозанатливите обележја на клубот. Сите ние кои што сме дел од оперативниот персонал, тука сме за да им го овозможиме сето она што на играчите и стручниот штаб им потребно, независно дали станува збор за спортска опрема, техничка поддршка, здравствени услуги или недај боже заштита во случај на било каква опасност. Засега меѓусебното разбирање е на највиско можно ниво, добро се познаваме, секој си го знае својот дел од обврските и се надевам дека до крајот на подготовките работите ќе продолжат да се одвиваат во најдобар можен ред“, вели Мојсоски за официјалната страна на Вардар.
Доктор Коле Неделковски е одговорен за правилната исхарана на фудбалерите. Тој посочува што смеат, а што не да конзумираат за време на подготовките.
„Пред сѐ мора да напоменам дека нашите играчи се големи професионалци, на кои воопшто нема потреба да им се наметнуваат некакви строги забрани. Иако за време на оброците секој може во својата чинија да стави што сака, играчите се свесни што е добро за нив и не посегнуваат по она што би можело да им штети, како на пример брза храна, газирани пијалоци или слично. Исхраната воглавно се базира на здрави и разновидни салати за внесување на потребните витамини и минерали. Што се однесува до протеините, дозволено им е да конзумираат пилешко месо и риба. Од аспект на пијалоците, заради рехидрација пожелно е играчите да пијат дневно најмалку 3 до 4 литри вода. Алкохолот е забренет од разбирливи причини, иако после некој напорен тренинг или натпревар дозволено им е да се напијат една чаша пиво. Пивото содржи витамин Б и на тој начин ги елиминира млечните киселини во мускилите, кои може да предизвикаат болки по напорните активности. На пример, германските фудбалери после секој натпревар во Бундеслигата пијат и по две до три пива. За нас во моментов доволно е и едно, а останатите ќе ги оставиме за да наздравиме кога ќе ја одбраниме титулата“ - вели др. Неделковски.
Извор: 24FUDBAL.com.mk