Wednesday, 27 January 2016 15:25 Фудбал

Останато | Спонзор од Кина ќе ја спонзорира втората португалска лига, а на првите 10 екипи ќе им биде наметнат по еден кинески фудбалер...



Вистинска колонизација почнува во Португалија. Португалците најдоја спонзор на својата втора по квалитет лига во кинеската фирма Ледман Оптоелектрик од Шенжен, но итрите Кинези им наметнале неверојатни услови.

Секој клуб пласиран од првото до десеттото место на табелата ќе мора да потпише договор со еден од десетте кинески фудналери кои спонзорот ќе ги прати во Португалија.

„Ќе испратиме тројца тренери помошници и 10 играчи. И ќе мора да играат.“ - велат од Ледман.

Претседателот на лигата, поранешниот судија Педру Пруенса, бил во Кина каде го потпишал контроверзниот договор за спонзорство.

Сепак, по бурната реакција на синдикатот на португалските фудбалер, од Лисабон инсистираа на корегирање на договорот, па така сега клубовите ќе си добијат по еден кинески играч, но доколку не им фати око нема да бидат обврзани да го задржат.

Првите 10 моментално се: Порту Б, Фреамунде, Шавеш, Жил Висенте, Фејренсе, Пуртимуненсе, Авеш, Фамалисау, Брага Б и Спортинг Б. Дополнително треба да биде одлучено и дали правилото важи за резервните екипи, а доколку не важи тогаш Ољаненсе, Варзим и Атлетику исто така ќе добијат Кинез.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...