Monday, 29 March 2010 15:51 Фудбал

Лига на Шампиони Тиери Анри вели дека е подготвен за дуелот со Арсенал во Лигата на Шампионите но признав дека ќе биде ’чудно’ и ’емоционално’ тоа што ќе игра против Топџиите

Барселона во среда гостува на Емирати во рамките од четврт-финалето во Лигата на Шампионите и тоа ќе биде прв настап за Тиери Анри за својот поранешен клу каде што помина осум години.

Анри открива дека секога се молел во ждрепката од Лигата на Шампионите Арсенал да не игра со Барселона но признава дека враќањето на Емирати ќе биде специјална прилика за него.

Во интервју за ТВ каналот на Барса тој рече: “Јас сум многу емоционален но исто така сум и смирен. Ова ќе биде чуден натпревар за мене.”

“Пред ждрепката реков дека не сакам да играм против Арсенал. Тоа беше мојата прва желба. Но се случи да играм против нив и сега ќе треба да го дадам максимумот.”

“Моето враќање во Лондон ќе биде специјално. Ќе ми биде чудно тоа што се враќам дома. Ќе биде поинаку бидејќи поминав седум години на Хајбери и една на Емирати. Но да ги видам фановите и луѓето и оние кои работат во клубот ќе биде навистина чудно.”

“Поминав осум години во Арсенал. Тоа е исто како Чави да ја напушти Барса и еден ден да се врати. Се подготвувате себе си но е чудно. Но и покрај тоа, доколку настапам ќе го дадам максимумот како и секогаш.”

“Откако се преселив во Барса само еднаш се вратив во Арсенал. Тоа беше пред три или четири месеци кога тие играа со Блекбурн. Ова ќе биде мојот втор пат.”

“Не знам како луѓето ќе реагираат.”

“Дали сеуште се гледам како фан на Арсенал? Да, да. Јас сега сум фан на Арсенал. Секогаш ќе бидам фан. Кога Арсенал игра и јас можам да го гледам натпреварот бидете сигурни дека ќе ме најдете пред телевизорот.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...