Англија Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти вели дека негова цел е остане во Челзи и ќе ја промени историјата на клубот.

Карло Анчелоти се наоѓа под притисок по серијата слаби резултати на Челзи кои кулминираа со ремито кај Блекбурн.
Менаџерот на Сините вели дека негова цел е да остане на Стемфорд Бриџ и да ја промени историјата на клубот.
Сините во својата историја го немаат освоено трофејот во Лигата на Шампионите, за тоа е донесен Карло Анчелоти кој не успеа во својот прв обид.
"Челзи е еден од најголемите клубови во светот, и мора да освојува трофеи, доколку не се постигне тоа, тогаш нешто не било во ред, но тоа нема врска со мојот договор" - вели Карло Анчелоти.
"Јас сум тука да ја променам историјата на клубот, голем оптимист сум".
"Имам многу добар однос со клубот и со Роман. Мојата позиција не е доведена во прашање".
"Точно е дека во моментов поминуваме низ тежок период, секој клуб има тешки моменти во сезоната, работиме напорно за да го надминеме овој период".
"Имаме уште осум натпревари во Премиер лигата и можеби уште два во ФА Купот".
"Нашата цел е да останеме фокусирани за овие натпревари кои треба сите да го добиеме".
"Треба да покажеме енергија, сила и самодоверба за да го добиеме секој натпревар".
"Овој тежок период стартуваше со поразот од Манчестер Сити, од тогаш имаме и доста проблеми со повредите".
"Но не сакам да барам изговори. И не жалам што не купивме фудбалери во јануари, бидејќи повредите кои ги имаме се неочекувани. Не можевме да ги предвидиме".
"Сигурен сум дека со победа вечерва ќе успееме да ја вратиме најдобрата форма".
Челзи во моментов е на третата позиција на табелата, Сините испаднаа и од Лигата на Шампионите, а Анчелоти додека го води тимот од клупата не покажува никакви емоции, тој го објаснува неговиот стил.
"Јас сум фан на Челзи, но не сакам да се однесувам така за време на натпреварот, сакам да останам фокусиран. И кога сте фокусирани, не ги покажувате емоциите".
"Го чуствувам натпреварот, пред, за време и по мечот. Многу години бев фудбалери и кога мојот тренер ќе ми довикуваше за време на натпреварите секогаш ми беше тешко да го слушнам".
"Јас го водам тимот со мој стил, мое однесување, мој начин на работа. Преферирам информациите да им ги кажам на фудбалерите за време на тренингот, пред натпреварот и на полувремето".
"Тешко е да комуницирате со нив за време на натпреварите. Знам дека други тренери го прават тоа, но секој си е посебна личност".
"Не мислам дека е неопходно да довикувате за време на натпреварите бидејќи фудбалерите не можат да ве слушнат" - заврши Анчелоти.
Челзи вечерва му гостува на Портсмут, кој иако е последен на табелата знае да биде незгоден, добра вест за Сините е враќањето на Петр Чех во првиот тим.
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk