Monday, 22 March 2010 18:02 Фудбал

Англија Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас не е загрижен поради тоа што тие ќе играат со Барселона во четврт-финалето од Лигата на Шампионите

Каталонците минатата сезона го подигнаа пехарот од најелитното Европско натпреварување и се фаворити за триумф во овогодинешното финале во Мадрид.

Топџиите се новата пречка за Барселона и избраниците на Арсен Венгер ќе имаат тешка задача за да се справат со Лионел Меси, Златан Ибрахимович, Чави и Ињеста.

Но Цеск Фабрегас инсистира дека не е загрижен од дуелот со шампионот на Еворпа и со нетрпение го чека двомечот.

Шпанецот, кој потекнува од младинската школа на Барса, вели дека ова е одлична можност за избраниците на Венгер да покажат за што се способни.

“Доколку сакате да го освоите ова натпреварување потребно е да ги победите сите кои ви се на патот.” - рече Фабрегас.

“Доколку се падневме со Бордо или Лион ќе требаше да пристапиме на ист начин.”

“Барселона е одличен тим, но ние секогаш настапуваме со ист менталитет и одиме само на победа.”

Цеск потоа продолжи: “Ќе играме против најдобриот тим во Европа, а најверојатно и светот.”

“Сите со нетрпение го чекаат дуелот и на него гледаат како можност да се игра против одличен тим на одличен стадион. Ќе биде многу возбудливо.”

Но пред да се насочат на првиот дуел со Барса, кој се игра на Емирати на 31 март, Фабрегас вели дека Арсенал ќе се фокусира на дуелот со Бирмингем со оглед на тоа дека тие сеуште се во трка за титуалата во Премиер Лигата.

“Во моментов немаме освоено ништо.”

“Не мислиме на тоа дека сме шампиони. Мислиме само на дуелот со Бирмингем следната недела.”

“Има многу време за да мислиме на Барселона. Нашиот прв приоритет е Бирмингем.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...