Monday, 02 November 2015 14:48 Фудбал

Македонија | Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателските натпревари против Црна Гора и Либан...



На списокот се најдоа само 16 кои ќе бидат во комбинација за натпреварот против Црна Гора, а за дуелот со Либан ќе бидат додадени и играчи од младата репрезентација.
 
„Овие два пријателски натпревари треба да бидат подготовка за новиот квалификациски циклус за СП 2018 година. Повикав проверени играчи, фудбалери кои добиваа шанса и на претходните натпревари, надополнети со неколку играчи од младата селекција" - вели Ангеловски на денешниот прес.
 
„Сакам да создадеме една хомогена репрезентација која ќе биде спој од младост и искуство. Да направиме еден костур на репрезентацијата, а вратата ќе биде отворена за сите играчи кои играат стандардно и покажуваат квалитет во своите клубови".


 
„Во следниот циклус ќе се врати и Горан Пандев со кога имав разговор во Џенова и тој има желба да биде предводник на оваа репрезентација. Верувам во неговите квалитети и сакам неговото искуство да го пренесе на помладите играчи кои одат по неговиот пат".
 
„Не сакам да ја коментирам работата на претходниот селектор. Имам свој начин на работа, свој сиcтем кој ќе сакам да го наметнам. Сакам офанзивен фудбал и тоа ќе го вградам во селекцијата".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...