Thursday, 18 March 2010 17:46 Фудбал

Англија Според медиумите од Англија, Роман Абрамович е подговен да инвестира 100 милиони фунти за засилувања на тимот а примарна цел е ангажман на Фернандо Торес

Роман Абрамович воопшто не е среќен по елиминацијата од Лигата на Шампоните уште во осмина-финалето но Рускиот милијардер има доверба во Карло Анчелоти и ќе го поддржи стратегот со инвестирање на околу 100 милиони фунти за ангажман на нови мега ѕвезди по крајот на сезоната.

Медиумите од Островото велат дека Анчелоти се надева дека ќе може да ангажира барам две големи имиња од кои Фернандо Торес е на врвот од листата желби а на второто место е Кун Агуеро од Атлетико Мадрид.

Извештаите говорат дека Анчелоти посакува ’напад од соништата’ кои би го сочинувале Дидиер Дрогба и Фернандо Торес и е подготвен за услугите на напаѓачот на Ливерпул да одвои 50 милиони фунти.

Ливерпул во моментов не размислува за продажба на Торес но по крајот на сезоната работите можат да се променат доколку Црвените не изборат место кое ќе им донесе настап во Лигата на Шампионите.

Клубот од Енфилд исто така се соочува со финансиски потешкотии и без настап во најелитното Европско натпреварување можеби ќе се решат за продажба на шпанскиот интернационалец.

Манчестер Сити исто така е подговен да одвои мало богатство за ангажман на Торес, но доколку ’Граѓаните’ следната сезона не играат во Лигата на Шампионите, Челзи ќе биде главниот фаворит за ангажман на Торес.

На листата желби на Челзи исто така се наоѓа и Бастијан Швајнштајгер од Баерн Минхен и Маикон од Интер, а на Стемфорд Бриџ се очекува да присигне и нов голман - младиот Серхио Асенхо од Атлетико Мадрид - кој ќе треба да врши притисок врз Петр Чех.

Покрај новите засисилувања по крајот на сезоната во Челзи ќе има и чистка и се очекува играчите како што се Хиларио, Паоло Фереира и Жулиано Балети да бидат продадени а договорот на Деко да биде раскинат.

Од Стемфорд Бриџ како слободен агент најверојатно ќе замине Џо Кол а доколку Анелка не го обнови договорот и Французинот ќе биде продаден.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...