Wednesday, 17 March 2010 17:07 Фудбал

Лига на Шампиони Мурињо има позитивни зборови за Роман Абрамович, но вели дека после овој пораз Русинот ќе сфати дека не е лесно да се освои Лигата на Шампионите.

Победата на Интер над Челзи може да се нарече и слатка одмазда на Жозе Мурињо кон Роман Абрамович.

Рускиот газда очајно посакуваше титула во Лигата на Шампионите, тоа веројатно беше и главната причина поради која се јавија сите несогласувања помеѓу него и Мурињо, поради што Португалецот беше избркан од Стемфорд Бриџ.

Фудбалерите, фановите и сите во Челзи го сакаа Мурињо, тагуваа, плачеа, протестираа поради неговото отпуштање, но тогаш така одлучи Абрамович, кој по синоќешниот дуел можеби се кае, но веќе е предоцна.

Мурињо му докажа на Абрамович дека е стратег каков што тешко ќе најде на пазарот, сепак и покрај се Португалецот има позитивно мислење за сопственикот на Челзи.

"Роман е многу интелегентна личност и поради тоа тој денеска не е истата личност која беше пред една година, две, три, пет години. Не е истата личност која беше кога дојде во фудбалот" - вели Мурињо.

"Веројатно тој мислеше дека е лесно да се освои Лигата на Шампионите кога дојде во фудбалот. Не е лесно, тешко е".

"Сега знае дека не е лесно. Знае како да ја чита играта, да го разбира фудбалот, да анализира, и знае дека неговиот тим загуби од тим кој заслужи да победи. Бидејќи тој е фер човек".

"Сигурен сум дека тој ферски и со стил ќе ја прифати оваа ситуација бидејќи знае дека Интер беше подобриот тим" - заврши Мурињо.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...