Monday, 08 March 2010 15:05 Фудбал

Англија Капитенот на Челзи, Џон Тери вели дека прославата по постигнувањето на погодокот против Стоук им ја посветил на фановите кои му даваа поддршка во тешкиот период за него.

Џон Тери беше стрелец на синоќешниот натпревар од ФА Купот против Стоук, капитенот на сините вели дека прославата на погодкот им ја посветил на фановите.

"Лентата на раката значи многу. Челзи ми даде голема поддршка. Сакавме да им покажеме на фановите колку значи тоа" - изјави Тери.

Асистентот на Анчелоти, Реј Вилкинс, има само пофални зборови за Џон Тери.

"Џон се справуваше со ситуацијата на единствениот начин на кој можеше, покажувајќи комплетна посветеност".

"Тој е исклучителен капитен и ние сме многу среќни што го имаме. Тој на фантастичен начин ги води овие играчи на теренот" - вели Вилкинс.

Тери секогаш има поддршка од фановите на Челзи, но на синоќешниот натпевар доби свирежи од навивачите на Стоук.

Менаџерот на Стоук Тони Пулис застана во одбрана на нивните фанови.

"Нашите фанови се фантастични, поинаква класа. Џон треба да го прифати тоа дека добива свирежи".

"Тој доби свирежи од англиските навивачи и на натпреварот против Египет, но доколку одигра добро на Светското првенство и го освои, ќе се врати како херој" - изјави Тони Пулис.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...