Friday, 05 March 2010 18:24 Фудбал

Германија Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге вели дека Тони Крос следната сезона ќе се врати на Алианц Арената каде што ќе настапува со Рибери и Робен

Баварците од поодамна ја изразија својата желба да го вратат Тони Крос, кој прикажува извонредни перформанси во дресот на Баер Леверкузен.

Постоеа шпекулации кои велеа дека Тони Крос одбива да се врати на Алианц Арената но во интервју за Bild.de Карл Хајнц Румениге вели дека се е договорено за Крос следната сезона да го носи дресот на Баерн.

“Целата ситуација е разрешена.” – рече Румениге. “Минатиот четврток се сретнав со Тони Крос и неговиот агент Волкер Штурт.”

“Тони ќе се врати во Баерн.”

“Му кажав на Тони дека не треба да се плаши од силната конкуренција и дека се ќе биде добро ако игра на нивото од Леверкузен.”

“Ван Гал има високо мислење за Крос. Тој го следеше многу играчот во последните недели.”

“Нашите планови се за следната сезона да играме со Крос, Робен и Рибери. Јас сум прилично голем оптимист околу останувањето на Рибери.”

“Преговорите со Рибери за продолжување на договорот не се во прашање само парите. Франк сака успех.”

“Тој сака да освојува големи титули да биде вбројуван помеѓу најголемите.”

“Враќањето на Крос е сигнал до Франк дека ние се обидуваме да ја намалиме разликата помеѓу нас и топ клубовите од Европа.”

“Дали и ова лето ќе настапими силно на трансфер пазарот? Се договоривме со Ван Гал на оваа тема да разговараме во март или на почетокот од април.”

“Тогаш ќе ги направиме плановите па ќе видиме што ќе се случи.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...