Friday, 05 March 2010 18:19 Фудбал

Италија Играчот од средниот ред на Јувентус, Фелипе Мело не е за продажба, и нема да го напушти Јувентус и да се пресели во Арсенал летово - вели неговиот агент Умберто Фуско.

Претходно, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека сеуште е заинтересиран за бразилскиот интернационалец, откако не ја искористи својата шанса да го доведе Мело во Лондон минатото лето.

Мело дојде од Фиорентина во Јувентус за 18 милиони фунти, но 26 годишниот фудбалер тешко се прилагодуваше во Торино.

Тој беше прогласен за најлош фудбалер во Серија А, иако неговите перформанси не се на потребното ниво, тој сеуште е стандарден во составот на Бразил.

Агентот на Мело, Фуско изјави: "Зборовите кој ги слушнав од Венгер се благородни бидејќи тие доаѓаат од устата на еден тренер со одличен углед, но во моментов нема ништо друго, освен меѓусебна благодарност и разбирање".

“Арсенал го следеше Фелипе Мело уште кога тој беше во Фиорентина, но јас мислам дека нема никакви шанси Јувентус и Арсенал да почнат преговори“

“Вистина е дека Фелипе Мело не беше во потребната форма оваа сезона, но проблемите беа поврзани со целиот тим, па тој всушност не беше неуспешен.“

“Јувентус ја покажа својата голема верба во него, откако издвои големи средства за негов ангажман во Торино, и јас мислам дека тие не планираат да го продадат“ - додаде Фуско.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...