Tuesday, 09 June 2015 14:22 Фудбал

Македонија | По Јован Костовски, селекторот на Македонија, Љубинко Друловиќ нема да може да смета ниту на Ванче Шиков кој има повреда на градниот мускул...



Ванче Шиков отпаѓа за дуелот против Словачка, дефанзивецот тренираше индивидуално во изминатиот период, но сеуште не е доволно опоравен за настап и нема да може да и помогне на соиграчите во Жилина.
 
„Пред речиси две седмици Ванче Шиков на првенствен натпревар заработи повреда по удар со колено од противнички играч. Се работи за комплексен механизам на повреда во пределот на клучната коска и ребрата. Направена е снимка на градниот кош и клучната коска и констатиравме мала дислокација и мала напукнатина на `рскавицата на четвртото ребро. Шиков беше подлежен на интензивни третмани, физикална и крио терапија сѐ со цел да го оспособиме за настап, но состојбата му предизвикува болка посебно при дуел игра и заклучивме дека не е подготвен целосно да одговори на поставените задачи" - изјави Виктор Камиловски, докторот на А репрезентацијата.
 
Селекторот на А репрезентацијата, Љубинко Друловиќ денеска ќе го има на располагање целосниот состав на фудбалери. Ферхан Хасани, досегашниот член на Брондби последен му се приклучува на тимот. Интернационалците од Полска, Александар Тодоровски од Заглебје и Остоја Стјепановиќ од Висла Краков вчера му се приклучија на националниот состав. А репрезентацијата се подготвува во Скопје до 11. јуни, натпреварот во Жилина се игра на 14. јуни со почеток во 20.45 часот.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...