Saturday, 27 February 2010 12:42 Фудбал

Италија Бразилскиот интернационалец, Роналдињо вели дека се чувствува многу среќено на Сан Сиро и не размислува за напуштање на Милан

Поранешниот играч на Барселона оваа сезона под водство на Леонардо игра во извонередна форма и е еден од најзаслужните играчи што Милан има само 4 бода заостанување зад лидерот Интер.

Во последно време има многу шпекулации за тоа дали Милан ќе го продолжи договорот на Роналдињо кој истекува во 2011.

Но Бразилецот воопшто не размислува за заминување од Сан Сиро и додава дека е многу среќен во дресот на Росоњерите.

“Никогаш не сум размислувал за заминување од Милан.” - рече Роналдињо за La Gazzetta dello Sport. “Ниту во еден момент не сум помислил на нешто такво.”

“Уште кога на Сан Сиро бев презентиран како нов играч на Милан знаев дека ова е мојот дом.”

“И не сакам да заминам од тука.”

“Обновувањето на договорот? Не е време да се говори за тоа. Пред нас се многу важни натпревари.”

“Повторувам дека сум среќен во Милан и Галиани и Берлускони го знаат тоа.”

“Јас сум среќен со она што го правам и на сите критики ќе одговарам со перформансите на теренот.”

Околу шансите за освојување на Скудетото и дуелот со Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите, Дињо рече: “Тоа се две тешки цели.”

“За да го освоиме Скудетото мораме да победиме на сите натпревари и Интер да загуби некои бодови.”

“Имам пет причини зошто верувам во Скудетото; Имаме изонредна група фудбалер која секогаш е обединета; верувам дека можам да дадам многу за тимот, и сум сигурен во моите квалитети; сите играчи што се на клупата за резерви можат да доприносат во прав момент; Леоанрдо е одличен тренер бидејќи носи добри одлуло и пронајде мирна околина; фановите се извонредни.“

Роналдињо исто така се надева дека ќе добие повик од Дунга за настап на Светското Првенство во Јужна Африка.

“Јас ќе се обидам да го дадам најдоброто со цел да го убедам Дунга да ме повика, имам голема верба.“

“Доколку продолжам да играм вака мислам дека ќе патувам за Јужна Африка.“

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...