Tuesday, 02 June 2015 13:30 Фудбал

Италија | Пол Погба е среќен во Јувентус, и вели дека финалето од Лигата на Шампионите во Берлин нема да биде негов последен натпревар во дресот на ’Бјанконерите’...



Французинот е мета на неколку гиганти ширум Европа и се почесто се говори дека ова лето ќе направи мега трансфер.
 
Многумина веруваат дека дуелот против Барселона во финалето од Лигата на Шампионите ќе биде последен за Пол Погба во дресот на Јувентус, но самиот фудбалер го негира тоа.
 
„Луѓето можат да веруваат во што сакаат” – вели Погба во разговор со L’Equipe. „За мене, ова е финале, голем натпревар. Фокусиран сум само на тоа и на ништо друго”.
 
„Никогаш не сум кажал дека ова ќе биде мојот последен натпревар во дресот на Јуве”.
 
„Среќен сум тука и уживам во престојот во Торино”.
 
„Не жалам што го напушти Манчестер јунајтед. Играм во финале од Лигата на Шампионите со Јувентус, а не со Манчестер, па работите добро се одвиваат”.
 
„Ми се остварува сонот”.
 
Запрашан што мисли за Барселона и глвната ѕвезда на ’Каталонците’, Лео Меси, Пол Погба одговри: „Меси е Меси, во моментов веројатно е најдобриот фудбалер во светот”.
 
„Барса е одличен тим, можеби најдобриот во светот. Но играме во финале и се може да се случи. Немаме што да загубиме ќе го дадеме максимумот”.
 
„Дали би сакал да играм покрај Меси еден ден? Не знам”.
 
„Обожавам да ја гледам Барса како игра, но би сакал во сабота да ја гледам како губи”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...