Tuesday, 02 June 2015 13:24 Фудбал

Лига на Шампиони | Навивачот на Јувентус, Николо Де Марки е на патување долго 1100 км за да го гледа својот омилен тим на мегдан со Барселона во финалето од Лигата на Шампионите...



Во пресрет на двомечот со Реал Мадрид во полу-финалето, ’Старата Дама’ ги запраша своите фанови што ќе направат доколку нивниот тим се избори за финале.
 
Еден фан одговорил дека ќе оди пешки од Торино до Берлин само за да го гледа својот омилен тим во финалето од најелитното европско натпреварување.
 
По триумфот над ’Кралевите’, шампионот на Италија го праша Никола Де Марки дали ќе остане достоен на зборот.
 
„Веќе е предоцна за одење пеш, зошто не земеш велосипед?” – гласеше пораката на социјалните мрежи.
 
Де Марки се сложи да го прифати предизвикот но под услов Јувентус да му обезбеди билет за натпреварот.
 
„Доколку ми дадете билет, тргнувам утре” – беше одговорот на фанот.
 
Јуве одговори позитивно, го организираше патувањето, и во четвртокот Де Марки ја започна својата авантура долга 1100 км.
 
Тој преку Алпите, Швајцарија, Лихтенштајн и Германија треба да пристигне во Берлин на 4. јуни.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...