Thursday, 23 April 2015 12:33 Фудбал

Англија | Арсен Венгер бара фановите достоинствено да го пречекаат Сеск Фабрегас и вели дека жали што морал да го продаде Шпанецот на Барселона...



Во недела Арсенал го пречекува Челзи а една од главните теми пред почетокот на овој натпревар е враќњето на Сеск Фабрегас на Емирати.
 
Шпанецот пристигна во Арсенал кога имаше само 16 години, во северен Лондон прерасна во еден од најдобрите фудбалери од средниот ред но во 2011 замина кога на негова адреса пристигна понуда од Барселона.
 
Сепак, Сеск Фабрегас не се снајде најдобро во клубот од неговото детство, па минатото лето замина од Камп Ноу.
 
’Топџиите’ имаа можност да го вратат играчот во своите редови, Арсен Венгер реши да не ја искористи оваа опција, па фудбалерот заврши во Челзи.
 
„Сакам секој играч да биде почитуван, па кога Сеск Фабрегас ќе се врати на Емирати во недела, сакам фановите да се однесуваат достоинствено бидејќи тој го заслужува тоа” – рече Арсен Венгер на денешната пресконференција.
 
Запрашан дали жали што пред почетокот на сезоната не го вратил Сеск Фабрегас на Емирати, менаџерот на Арсенал одговори: „Единствено жалам што тој сакаше да замине и моравме да го продадеме на Барселона”.
 
„Јас и овој клуб имавме многу позитивно влијание врз животот на Сеск, па малку ми е некомфорно што се обидувам да дадам оправдување зошто тој не е тука денеска”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...