Италија На денешната прес-коференција, Жозе Мурињо ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваа со преселба во Реал Мадрид и ги нападна Јувентус, Рома, Наполи како и весниците од Шпанија и Англија

Мурињо денеска ’во свој препознатлив стил’ од прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Сампдорија упати критики кон неколку страни.
На прашањето за натписите на медиумите во Шпанија кој велеа дека претставници на Реал Мадрид веќе се во контакт со агентите на Мурињо, стратегот рече: “Има весници кои не се искрени и измислуваат вести – јас не сум дел од тие игри.” – рече Мурињо.
За интервјуто што го објави магазинот Nuts во кое Мурињо говореше за неговото време во Челзи и грешката на Роман Абрамович што му врачил отказ, Португалецот додаде: “Има две работи кои се тешки за прифаќање: прво јас зборувам само на прес-конференции и некои интервјуа по натпреварите, скоро е невозможно јас да бидам на ТВ шоу.”
“Во Англија сите сакаат јас да зборувам за Челзи, и на нив им е тешко да прифатат дека јас не сакам.”
“Има искрени и неискрени новинари.”
Мурињо потоа беше запрашан дали го гледал поразот на Рома во Лига Европа.
“Рома е наш притивник во шампионатот не во Европа. Затоа воопшто не се грижам како тие одиграле вчера.”
“Она што ме интересира е тоа што Рома игра добро во првенството и е противник кој заслужува почит.”
“Дури и кога беа во проблеми јас секогаш велев дека Рома има квалитет за шампион, тие имата многу добри играчи.”
“Но она што не ми се допаѓа е тоа што плачат кога им се потребни играчи за ангажман на трансфер пазарот (за ангажманот на Бурдисо на позајмица) но кога на некого им треба играч од нивните редови секогаш велат не (Баптиста беше цел на Интер во јануари).”
На изјавата на на претседателот на Наполитанците, Де Лаурентис дека тој никогаш не би го ангажирал Мурињо за тренер на Наполи, Жозе само одговори: “Де Лаурентис нема доволно пари за да ме ангажира мене.”
За изјавите на Бетега, асистен генералнииот директор на Јувентус, кој му порача на Мурињо да не се интересира за другите клубови и да го гледа само Интер, Мурињо рече: “Сите зборуваат за дуелот Баерн-Фиорентина па зошто никој не им рече да престанат да зборуваат бидејќи тоа е работа само на Ван Гал и Прандели.”
“Доколку Бетега денеска се јави и рече дека само Прандели и Ван Гал можат да зборуваат за судиските грешки на дуелот Баерн Минхен-Фиорентина тогаш во ред... Но само во Италија шеснаесетникот е 25 метри.”
Мурињо за дуелот со Сампдорија го повика Станковиќ но во составот ги нема младите Балотели и Сантон, кој се под знак прашалник и за дуелот со Челзи.
“Балотели и Сантон не тренираа добро оваа недела бидејќи имаат физички проблеми и затоа јас не ги повикав.”
“Се сомневам дека ќе бидат подготвени за дуелот со Челзи бидејќи играч што не е подготвен за натпревар во сабота малку веројатно дека ќе се опорави на време за во вторник.”
За посетата на Балотели на Сан Сиро и дуелот помеѓу Милан и Јунајтед, Мурињо вели дека тоа не е ништо контроверзно.
“Тоа е многу нормална работа. Доколку во среда кога играме со Челзи на стадионот пристигнат Гатузо и Неста да го следат натпревар, зошто да се прави драма од тоа?”
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk