Saturday, 14 March 2015 15:31 Фудбал

Англија | Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез вели дека честите критики на медиумите од ’Островото’ придонеле тој да замине од Ливерпул...



Уругваецот верува дека премногу бил во центарот на вниманието иако не го заслужувал тоа, и вели дека медиумите често измислувале работи за него.
 
Како пример ги посочи неодамнешните написи, кога весниците од ’Островото’ го обвинија дека го гринзал Мартин Демикелис на дуелот помеѓу Манчестер Сити и Барселона во Лигата на Шампионите.
 
„Не знам дали медиумите од Англија имаат кампања против мене, но може да се види дека им недостигам” – рече Луис Суарез во разговор со beIN Sports.
 
„Ме критикуваа многу па дури и измислуваа работи за да привлечат внимание”.
 
„Објавија снимки од мојот дуел со Демикелис, и кога увидоа дека нема ништо, за кратко време сликите исчезнаа”.
 
„Ми беше преку глава од се, сакав да ме остават на мира, и заминав бидејќи не можев повеќе да ги трпам”.
 
„Сепак, тие сеуште ме бараат мене”.
 
За трансферот на Камп Ноу, напаѓачот вели: „Среќен сум во Барселона, ми се оствари сонот да играм за најдобриот клуб во светот и уживам во авантурата”.
 
„Давам допринос за тимот, па тоа ме прави смирен и се чувствувам како важен дел од екипата”.
 
На почетокот од престојот во Барселона, Луис Суарез се мачеше со формата, но полека влегува во голгетерска форма.
 
„Имаше период кога креирав шанси но не постигнував голови. Сепак, тоа не ме загрижи. Самиот сум голем критичар на моите перформанси, особено кога гледам дека не помагам со голови и асистенции”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...