Friday, 13 March 2015 17:51 Фудбал

Англија | Напаѓачот на Сампдорија, Самуел Ето открива негова непријатна сторија од времето кога настапуваше за Челзи, во продавница во Лондон му ја одбиле картичката затоа што бил црнец...



Ето раскажува сторија од времето кога како фудбалер на Челзи престојуваше во Лондон, смета дека не можел да купи часовник затоа што имал црна боја на кожата.
 
„Влегов во една продавница и ја прашав продавачката дали може да ми го покаже часовникот. Видов дека таа направи гримаса бидејќи цената на часовникот беше многу висока, но ми го даде. И кажав дека ќе го купам, и ја дадов картичката, но таа ми рече дека картичката е одбиена, прашав дали е сигурна, таа ми потврди" - вели Ето.
 
„Во разговорот се вмеша и мојот брат кој беше со мене. И рече дека можам да си го дозволам часовникот и и забележа дека ме третира неправедно затоа што сум црнец".
 
„Потоа дојде обезбедувањето, тип кој беше од Сенегал, му реков дека ако му кажам како се викам, сигурно ќе ме познае. Му реков дека сум Ето, и тој ме гушна".
 
„На продавачката и кажав дека за оваа дискриминација ќе раскажам во некое интервју. Таа се обиде да се извини и ми рече дека дента влегле некој Нигеријци со лажни кредитни картички, па затоа не сакала да ја прифати мојата, но јас не го прифатив тоа. Не мислам дека е расист, но јасно е дека ме одби затоа што имам црна боја на кожата".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...