ВИЦ

Како да очекуваме денешниве деца да ги слушат родителите кога гледат Дизниеви цртани во кои:
- Тарзан се шета натаму наваму гол;
- Пепелашка се враќа дома после 12;
- Пинокио цело време лаже;
- Аладин краде каде ќе стигне;
- Бетмен вози 320 км/сат;
- Заспаната убавица спие по цел ден;
- Снежана живee во иста куќа со 7 мажи!
И после децата виновни?

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Monday, 15 February 2010 21:05 Фудбал

Лига на Шампиони Рајан Гигс не гледа причина зошто Дејвид Бекам не би можел да продолжи да игра на високо ниво и во наредните три-четири години.

Утре продолжува Лигата на Шампионите, најинтересен дуел од првите четири кои се играат во вторник и среда, секако е дуелот на Сан Сиро помеѓу Милан и Манчестер Јунајтед.

Дејвид Бекам за прв пат се среќава против својот поранешен клуб во кој го помина најубавиот период од кариерата.

Бекс стандардно има многу пофални зборови за Манчестер Јунајтед и неговите поранешни соиграчи, епитетите сега стигнуваат и од другата страна, Гигс верува дека Дејвид може уште многу да покаже на фудбалските терени.

"Ние сме различни, животот на Дејвид Бекам е многу јавен, додека јас преферирам приватноста да си ја задржам за себе" - објаснува Гигс.

"Но јас сеуште комуницирам со него. Тој не се промени како личност".

"Одсекогаш го сакал фудбалот. Секогаш бил посветен на него и таков е и сега".

"Како и јас, Бекам се грижи за себе. Тој е природно фит и природна атлета, па не сум изненаден што сеуште игра на врвно ниво".

"Всушност сметам дека ќе продолжи да игра уште три - четири години".

Гигс е повреден и сигурно ќе го пропушти утрешниот дуел против Милан, но постојат реални шанси да игра на Олд Трафорд каде што главна тема ќе биде враќањето на Бекам.

"Ние имавме неколку шанси да се сретнеме кога тој беше во Реал Мадрид, но одлично е тоа што тоа конечно ќе се случи, што Бекам ќе се врати".

"Фантастично ќе биде за фановите да го видат повторно бидејќи тој беше голем фудбалер за Јунајтед и сеуште е одличен фудбалер за Англија и Милан, и во Америка исто така".

"Се надевам дека тој нема да ни наштети на пласманот во следната фаза. Тој е квалитетен фудбалер, се надевам дека ќе ужива во играта, но не многу" - заврши со шега Рајан Гигс.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...