Monday, 15 February 2010 20:52 Фудбал

Англија Последните шпекулации на медиумите говорат дека екипата на Манчестер Сити е подготвена да достави мега понуда до Интер за услугите на Маикон и Балотели

Дуото на Нероаѕурите од поодамна е мета на клубот од Премиер Лигата но стана особено атрактивно за Сити откако Роберто Манчини стана нивни нов менаџер.

Поранешниот стратег на Интер, Манчини го донесе Маикон на Џузепе Меаца од Монако а и му укажа шанса на младиот Марио Балотели во првиот тим на Нероаѕурите.

Медиумите подолго време шпекулираат за интересот на Сити за двајцата играчи а последните информации говорат дека Сити ќе достави мега понуда до Интер.

Францускиот портал Footmercato.net вели дека ’Граѓаните’ ќе достават понуда до шампионот на Италија за услугите на Маикон вредна 35 милиони евра.

Доколку тоа не е доволно за Масимо Морати да се сложи на продажба, Сити потпомогнат од богатството на Шеикот ќе ја зголеми својата понуда за додатни 10 милиони евра.

Можеби сумата од 45 милиони е превисока но таа не е нелогична. Барселона за услугите на Дани Алвес потроши 32 милиони евра а Маикон е прв избор во селекцијата на Бразил за десната бековска позиција.

Покрај Маикон, Роберто Манчини ќе се обиде да го отргне од Интер и младиот Марио Балотели.

Напаѓачот важи за голем талент но неговото однесување е причина за големо незадоволсто кај Жозе Мурињо и медиумите шпекулираат дека односот помеѓу двајцата е далеку од добар и покрај тоа што Балотели и Мурињо велат дека се е во ред.

Daily Star вели дека Сити ќе достави понуда од околу 23 милиони евра за Балотели но тешко дека клубот од Премиер Лигата ќе успее да го убеди претседателот на Интер, Масимо Морати да се сложи за продажба на Балотели.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...