Friday, 12 February 2010 21:12 Фудбал

Шпанија Кристијано Роналдо вели дека Лигата на Шампионите е опсесија за Реал Мадрид и тие сакаат оваа сезона на Бернабе да стигнат до титулата но додава дека сите треба добро да внимаваат на клубовите од Италија

Кралскиот Клуб веќе пет сезони во низа го завршуваат настапот во Лигата на Шампионите уште во 1/8 – финалето.

Оваа година финалето од најелитното Европско клубско натпреварување се игра на Сантијаго Бернабе и Реал откако потроши над 250 милиони евра за засилувања посакува на својот терен да стигне до 10та титула во Лигата на Шампионите.

“Лигата ан Шампионите е опсесија за Реал Мадрид.“ – рече Роналдо

“Играњето пред нашите фанови во финалето ќе биде извонредно.”

“Но потребно е да одиме чекор по чекор. Пет години по ред Реал не успева да го помине 1/8 – финалето, премногу долго за клуб од ваков калибар.”

“Најпрво треба да се сконцентрираме на Лион, а потоа на другите натпревари.”

Роналдо потоа проговори и за другите натпревари од осмина-финалето кое започнува следниот вторник.

“Сите дуели се многу балансирани. Интер и Челзи е многу изедначен дуел би рекол дека двете екипи имаат 50-50% шанса да се пласираат понатаму.”

“Манчестер Јунајтед можеби важи за фаворит во дуелот со Милан но Росоњерите се способни да победат секого. Секогаш е многу тешко да се совладаат екипите од Италија.”

Околу критиките што медиумите ги упатија кон Кака, Роналдо рече: “На некои играчи им треба повеќе време за да се прилагодат. За пример ќе го земам Бензема.”

“Но во случајот на Кака пробелмот е тоа што тој се мачеше со повреда на препоните.”

“Сега откако ги надмина повредите тој може во целост да го покаже својот талент.”

“Во последно време видовме дека тој покажува одличен фудбал. Кака е извонреден играч и многу добра личност.”

Околу можното доаѓање на Рибери во Реал Мадрид и колку според Роналдо би ченело тоа, Португалецот рече: “Јас нема да дадам ниту евро за Рибери бидејќи не сум претседател на клубот.”

“Но тој е одличен шампион и јас секогаш сакам да играм покрај шампиони. Да се каже НЕ на Реал Мадрид е многу тешко.”

“Јас не успеав во тоа.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...