Monday, 09 February 2015 15:24 Фудбал

 

Англија | Анхел Ди Марија вели дека Лео Меси нема да има никаков проблем со Жозе Мурињо доколку се пресели во Челзи, но верува дека неговиот сонародник нема да замине од Камп Ноу...



Минатиот месец често се говореше дека Лео Меси не е среќен во Барселона и размислува за промена на средината.
 
Челзи се споменуваше како можна следна дестинација на репрезентативецот на ’Гаучосите’.
 
Во интервју за FIFA, Анхел Ди Марија вели дека Лео и Жозе Мурињо лесно ќе соработуваат, но во исто време додава дека неговиот соработник нема желба да замине од Камп Ноу.
 
„Мислам дека Лео не сака да замине од Барселона” – вели Ди Марија.
 
„Тешко е да заминете од клубот кој ви дал се, клубот каде сте пораснале”.
 
„Но да ви одговорам на прашањето (дали Лео и Жозе можат да соработуваат), мислам дека Меси нема да има никаков проблем со Мурињо”.
 
Ди Марија, кој има играно долги години покрај Кристијано Роналди и Лео Меси, потоа беше запрашан за споредба помеѓу двата големи ривали.
 
„Секогаш го кажувам истото, тие се сосема различни играчи”.
 
„Лео е инволвиран во секоја акција, има експлозивни пробиви и ноншалантно дрибла еден, двајца или троца играчи со одлична контрола на топката на мал простор”,
 
„Кристијано е повеќе на сила, удари од далечина... тие се различни”.
 
„Доколку јас ја водев ФИФА, ќе имаше две ’Златни Топки’, една за Меси или Роналдо, и една за останатите”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...