Лига на Шампиони Жозе Мурињо се подготвува да се сретне со свјот поранешен клуб Челзи и стратегот вели дека Сините се скоро истиот тим што тој го оставил

Во пресрет на дуелот со Челзи, Мурињо беше во посета на Стемфорд Бриџ и го следеше натпреварот против Фулам, кој Сините го добија со 2-1.
Португалецот вели дека импресиите што ги добил по првото свое враќњае на Стемфорд Бриџ откако го напушти Челзио во 2007, му велат дека тимот не е многу променет од времето кога тој беше таму..
“Последниот пат кога бев таму го следев секој детал со внимание.” – рече тој за UEFA.com. “Дури и загревањето пред натпреварот е исто како во моето време.”
“Начинот на кој тие се бранат при нафрлени топки е ист. Како тие се поставуават кога напаѓаат а се изведува слободен удар е ист. Понекогаш играат во формација ’дијаманд’ 4-4-2 понекогаш 4-3-3, што е токму истиот систем кој јас го практикував.”
“Мислам дека квалитет на еден добар тренер – и Анчелоти е добар тренер – е да разбере играчте на која позиција се чувствуваат најкомфорно.”
“И наместо да прави луди промени, потребно е само малку да го ’дотера’ сегашниот стил, што е нормално за да се задржи победничката структура.”
“Мислам дека Анчелоти е добар тренер и тимот се чувствува комфорно под негово водство. И тимот е навистина добар – еден од најдобрите во светот.”
Челзи можеби нема тајни кога е во прашање Мурињо но стратегот признава дека тоа може да претставува меч со две оштрици.
“Кога ќе погледнам во тимот, само Ивановиќ и Анелка не се од моето време. Сите останати момци: Петр Чех, Карваљо, Тери, Ешли Кол, Есиен, Микел, Дрогба, Малуда, Џо Кол и Калу, се од моето време.”
“Па за мене тие се тим без тајни. Но во исто време мислам дека за нив јас сум тренер без тајни.”
“Ќе биде лесно за мене но исто така ќе биде лесно за нив. Јас ги познавам но и тие ме познаваат. Знам како тие играат и знам како мислат, но во исто време тие го знаат начинот на кој јас го тренирам и подготвувам мојот тим.”
Мурињо исто така признава дека му било пишано тој да игра против своите поранешни клубови па не е изненаден што на Интер му се падна Челзи во 1/8 – финалето од Лигата на Шампионите
“Не сум изненаден. Бидејќи тоа е мојата традиција во Лигата на Шампионите, секогаш ги добивам моите поранешни екипи.”
“Кога бев во Челзи два-три пати играв против Порто, два-три пати играв против Барселона.”
“Кога дојдов во Интер веднаш ми се панда Барселона повторно, па Челзи беше онаа алка што недостасува за секогаш да го добијам тимот што претходно сум го тренирал.”
Мурињо потоа додаде: “Моето враќање на Стемфорд Бриџ во декември беше емоционално, се вратив во мојот дом, тоа беше мој дом триипол години.”
“Но тогаш отидов со намера да го следам натпреварот да се видам со луѓе за прав пат (откако заминав), да бидам на стадионот за прв пат, бидејќи кога ќе отидам таму во март сакам да отидам без емоции. Сакав за време на натпреварот да се чувствуам смирен и подготвен.”
Мурињо имаше одличен однос со фановите на Челзи а истот го има и сега со фановите на Интер.
“Да фановите се многу важни. Мислам дека имав добар однос со нив во Порто и во Челзи, и сега во Интер – има обострано сакање, чувствувам дека фановите се секогаш позади мене и тимот што е многу важно.”
Тоа е една од причините зошто Мурињо со Порто, Челзи и Интер нема пораз на домашен терен во натпревар од првенството од 23 февруари 2002.
“Тоа е помалку смешно и контрадикторно бидејќи на домашен терен никогаш не играм на нерешено. Играм за да победам.”
“Ниту во последните 5-10 минути не играм со мислата дека имам добар рекорд и сакам да го задржам и по овој натпревар.”
“Не, секогаш играм за да победам, па не правам ништо, апсолутно ништо за да изиграме нерешено и да го задржам рекордот.”
“Секогаш играм за да победам. Не чувствувам никаков притисок околу тоа. Чувствувам дека рекордот е нешто извонредно но сум релаксиран.”
“Еден ден ќе морам да загубам, и кога ќе дојде тој ден ќе бидам многу среќен бидејќи ќе можам да речем: ’Немав загубено на домашен терен толку и толку години, немав загубено на домашен терен толку и толку натпревари.”
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk