Tuesday, 09 February 2010 20:41 Фудбал

Германија Францускиот интернационалец, Франк Рибери открива дека неговиот соиграч од репрезентацијат, Тиери Анри го вика да му се приклучи на Камп Ноу

Франк Рибери се наоѓа пред клучен дел во кариерата и треба да одлучи дали да остане во Баерн Минхен или пак да ја напушти Алианц Аренаната.

Тој во март ќе ја донесе одлуката за својата иднина и вели дека ќе се води според можноста за освојување на трофеи.

Се шпекулираше дека екипата на Реал Мадрид е главен фаворит во трката за потиписот на Рибери, но Французинот неодамна откри дека има уште неколку клубови меѓу кои Барселона, Челзи и Манчестер Јунајтед.

Сега во интервју за RTL Radio Рибери открива дека Тиери Анри го вика да му се приклучи на Камп Ноу.

“Добар пријател сум со Тиери Анри.” – рече Рибери. “Кога се слушаме тој ми вели дека сака да ме види во дресот на Барселона.”

“Исто така знам дека луѓето сакаат да ме видат како останувам во Баерн Минхен. Но дали ќе останам и ќе заминам, нема да биде лесна одлука.”

“Сакам да освојувам трофеи и да уживам во самиот себе. Немам 20 години. Повеќе сум поблиску до крајот на мојата кариера отколку до почетокот.“

Рибери исто така додава дека Баерн малку заостанува во споредба со топ клубовите од Европа но признава дека Баварците се голем клуб.

“Баерн сеуште е голем клуб. Тој е еден од најголемите клубови во светот но гледам дека нашиот тим не е силен колку другите клубови, како што се Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи.”

“Можеби ќе имаме проблеми кога ќе се натпреваруваме со нив.”

“Но во фудбалот се може да се случи, можно е да ја освоиме Лигата на Шампионите. Оваа сезона имаме подобар тим. Многу сме посилни од лани и можеме да веруваме.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...