Tuesday, 09 February 2010 19:47 Фудбал

Шпанија Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин вели дека сака да настапува уште многу години на Сантијаго Бернабе

Аргентинскиот интернационалец е во преговори со Реал Мадрид за обновување на договорот кој истекува во 2013 и од шпанските медиуми доаѓаат различни информации.

Каталонскиот Sport вели дека Игуаин го одбил новиот договор на Реал додека пак Marca вели дека вчерашните преговори помеѓу Хорке Валдано и агентите на Игуаин били позитивни и многу наскоро Реал ќе соопшти дека напаѓачот го продолжил договорот до 2016.

На денешната прес-конференција, самиот Игуаин не сакаше да говори премногу за новиот договор но нагласи дека сака да остане уште многу години на Бернабе.

“Јас сум многу среќен тука и се прилагодив на клубот и градот, се чувствувам комфорно, луѓето ме сакаат и мојата намера е да продолжам уште многу години во Реал Мадрид.” – рече Игуаин.

“Новиот договор не е прашање што ме мачи, моите агенти и мојот татко се гиражат за тоа. Можеби размислувам за тоа но сум максимално фокусиран на натпреварот со Ксерес.“

“Оваа година ми е потешко поради ѕвездите кои пристигнаа но јас работам напорно и овие играчи не само што го подобрија тимот придонесоа сите што веќе беа тука да продолжат да напредуваат.”

Игуаин исто така очекува, Барса да почне да губи бодови.

“Загубивме неколку бодови и предноста на Барса од пет пода не не демотивира. Ние постојано се подобруваме и јас сум убеден дека Баса ќе почне да губи бодови.”

“Не очекувам тие да победат на секој натпревар од сега до крајот на сезоната. Плус тие треба да гостуваат на Сантијаго Бернабе. Пет бода не се ништо спектакуларно.”

За својот однос со Бензема, Игуаин рече: “Мојот однос со Бензема е добар, се согласуваме добро и немам проблем да се бориме за место во тимот.”

“Мојот лош однос со Карим е измислица на медиумите.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...