Monday, 08 February 2010 17:47 Фудбал

Англија Голманот на Челзи верува дека Арсенал по поразот на Стемфрод Бриџ не е повеќе во трка за титулата во Премиер лигата.

Со двата гола на Дидие Дрогба, Челзи го победи Арсенал со 2-0 на Стемфорд Бриџ и ја зголеми предноста во однос на Топџиите на цели девет бода.

Голманот на Сините кој имаше одлична партија, смета дека со овој пораз Арсенал е исфрлен од трката за титулата во Премиер лигата.

Победата од 2-0 беше и 100ти натпревар на Петр Чех без примен гол во Премиер лигата.

"Не можеше да се заврши подобро. Дојдовме до многу значајна победа. Му помогнав на тимот со неколку одбрани, тоа беше мојот 100ти натпревар во лигата без примен гол" - изјави Петр Чех.

"Мислам дека со оваа победа го исфрливме Арсенал од трката, ќе им биде многу тешко да достигнат разлика од девет бода во овој дел од сезоната, посебно поради тоа што им престојат уште тешки натпревари".

"Оваа победа беше важна и поради тоа што одговоривме на победата на Јунајтед".

"Знаевме дека доколку одигравме нерешено против Арсенал, Јунајтед ќе останеше на врвот со подобра гол разлика".

"До крајот на сезоната одлучувачка ќе биде постојаноста на резултатите. Тимот кој ќе загуби помалку бодови ќе ја освои титулата".

Чех вели дека тие многу добро знаеле како игра Арсенал, и тактиката на Анчелоти била клучна за победата.

"Ние си ја извршивме нашата работа. Знаевме како игра Арсенал. Го видовме тоа на првиот меѓусебен дуел, и на нивниот натпревар против Јунајтед, секогаш го играат истиот стил".

"Доколку одиграте со тактика како што ние го направивме тоа, можете да ги победите".

"Фудбалот се игра за да се победи, тоа го покажа Јунајтед кога играше против Арсенал, го покажавме и ние синоќа".

"Оваа и минатата сезона, Арсенал покажува дека нема капацитет да ја освои лигата" - заврши Чех.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...