Friday, 23 January 2015 14:06 Фудбал

Колумни | Во светот на фудбалот, како и во многу други сфери од секојдневното живеење, постојат роднински врски помеѓу голем број на успешни професионалци во различни области...



Понекогаш таквите релации биле клучни за поединечен успех, а понекогаш препрека за понатамошен развој. Во однос на успешноста може да се диференцираат две гледишта. Првото гледиште, се однесува на т.н. “неостварени соништа” на постарата генерација, која со сите свои сили се обидува своите потомци да ги надминат нивните достигнувања, а додека второто гледиште претставува најчесто фамилијарни релации од иста генерација каде најчесто еден се влече на грбот на друг.
 
Во фудбалот низ историјата се развиле голем број на роднински врски помеѓу фудбалските професионалци. Во продолжени ќе наведеме неколку такви, а потоа ќе го составиме и најдобриот состав токму од нив.
 
Ќе започнеме можеби со најконтроверзниот фудбалер во историјата на овој спорт, чија контроверзност продолжи и по завршувањето на неговата кариера, Диего Армандо Марадона, освојувач на Светското првенство во 1986 години и на повеќе од 50 индивидуални признанија. Неговата фамилијарна поврзаност со фудбалот ја стекна преку неговиот зет Серхио Агуеро, кој е наојмразениот фудбалер на Манчестер јунајтед одземајќи им ја титулата во 2012 на последниот меч од Премиер лигата, постигнувајќи гол во 94. минута. Уште еден “фудбалски пар” од Аргентина пронаоѓаме во браќата Милито. Габи и Диего со успех настапуваа во повеќе клубови низ Европа и Аргентина бележејќи поединечни и клубски успеси, но сепак Диего Милито го достигна зенитот на својата кариера освојувајќи тројна круна со Интер, постигнувајќи ги двата гола при нивната победа над Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампионите во 2010 година.
 
Африканските претставници на оваа листа се фамилиите Туре и Боатенг. И двете фамилии во фудбалскиот свет се поврзани интрагенерациски. Познати се настапите на Јаја и Коло Туре во екипите на Манчестер Сити и Арсенал, како и на браќата Џером и Кевин низ Германија. За браќата Боетенг е интересно тоа што Кевин настапува за репрезентацијата на Гана, од каде потекнуваат, а Џером ги брани боите на Германија, земјата каде е роден.
 
Англија како колевка на фудбалот за очекување е да има најмногу претставници на оваа листа. Неизбежно е да започнеме можеби со најдобриот англиски фудбалер на сите времиња Боби Чарлтон. Настапувајќи за неговиот Манчестер јунајтед стана жива легенда на клубот преживувајќи ја авионската несрека во Минхен, светска слава стекна освојувајќи ја Златната топка во 1966 година, а државно признание му оддаде кралицата крунисувајќи го со титулата Сер. Неговиот брат Џек како од сенка се развиваше како фудбалер настапувајки за Лидс и притоа бележејки солидни настапи во англиската репрезентација. Фамилијата Рајт е застапена со постариот Јан кој врвот на својата кариера го достигна во Арсенал, а неговиот роден син Бредли и посвоениот  Шон ја продолжија фамилијарната фудбалска лоза. Гери и Фил Невил се познати по успешната младинска генерација на Алекс Фергусон, каде Гери се истакна како стандарден првотимец и репрезентативец освојувајќи ги сите трофеи на клубско ниво. Рио и Антон Фердинанд се поврзани преку нивниот братучедски однос со Лес Фердинанд. Додека братскиот пар беше задолжен за одбраната, Лес беше одговорен за постигнување голови. Се чини дека Рио е најуспешен од оваа фамилија.
 
Доколку некаде постојат најцврсти фамилијарни односи, тоа мора да е во Италија. Фамилијата Малдини е вистински доказ за тоа. Чезаре и Паоло Малдини ќе останат запаметени во историјата на фудбалот како едни од најдобрите дефанзивци на Италија и воопшто во светот. Повторувањето на успехот на неговиот татко, освојувањето на Лигата на шампионите четириесет години подоцна, е еден од ретките моменти во фудбалската историја.
 
Следни кои заслужуваат да бидат спомната во оваа колумна се браќата Де Бур, кои најверојатно ќе достигнат поголема слава како тренери отколку како фудбалери, голмаскиот двоец Шмајхел и браќата Лаудруп како претставници на Данска, братучедскиот однос на Марк Видука и Лука Модрич, како и врската помеѓу Хари Реднап и Френк Лампард, каде менаџерот на КПР “фигурира” како чичко на долгодишниот англиски репрезентативец.
 
Последни, но не помалку битни се Јохан Кројф и неговиот син Жорди. Најголемиот фудбалски син на Холандија и иконата на Барселона, каде сеуште се игра според неговата фудбалска филозофија позната како “тотал фудбал”, освојувачот на златен медал на светското првенство во 1974 година и Златна топка како и многу титули и како играч и како тренер секогаш бил инспирација за многу млади деца, а таквото влијание го насочи и кон неговиот син.
 
Од сите овие познати фудбалски фамилии ќе го составиме “идеалниот состав”, а доколку имагинарно замислиме дека би игралe заедно во денешно време, мислам дека нивниот тренер би имал и многу повеќе од шампионска екипа.

Автор: Дејан Јанчевски

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...