Tuesday, 30 December 2014 13:16 Фудбал

Шпанија | Судот за Спортска Арбитража утрово ја потврди казната што ФИФА и ја изрече на Барселона, ’Каталонците’ нема да можат да купуваат играчи во следните два преодни рока...



Во април оваа година, светската куќа на фудбалот ја обвини Барса дека ги прекршила правилата за трансфер и регистрација на играчи под 18 години од странство.
 
За ваквите неправилности, ФИФА ја казни Барса со трансфер ембарго во два последователни преодни рока, како и со парична глоба од 450 000 швајцарски франци.
 
Казната привремено беше суспендирана откако ’Каталонците’ најавија жалба до Судот за Спортска Арбитража (CAS).
 
Откако ги рагледа преставените аргументи, судот во Лозана денска одлучи да ја одбие жалбата и да ја потврди санкцијата што ФИФА и ја наметна на Барселона.
 
Па ’Каталонците’ сега нема да можат да купуваат играчи во 2015.
 
Клубот од Камп Ноу ќе може да ја продолжи соработката со фудбалерите на кои им истекуваат договорите, како што е случајот со Дани Алвес, и да ги вратат играчите кои се на позајмица, како што се Денис Суарез и Жерард Деулофеу.
 
Барса изрази ’целосно несогласување’ со ваквата одлука на Судот за Спортска Арбитража и најави дака ќе ги разгледа сите опции откако во писмена форма ќе ја добие пресудата.
 
’Каталонците’ не ја искучуваат можноста да ја обжалат оваа пресуда пред Федералниот Суд на Швајцарија.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...