Thursday, 04 February 2010 17:58 Фудбал

Англија
Патрис Евра верува дека Сер Алекс Фергусон ќе остане на жешкото столче во Манчестер Јунајтед до ’последен здив’

Легендарниот тренер на Јунајтед веќе е 23 години во клубот и не покажува знаци дека е подготвен за пензинирање во блиска иднина.

Во минатото тој соопшто дека е подготвен да се повлече од кормилото на клубот во сезоната 2001/02 но потоа направи драматично предомислување и реши да продолжи со стресната задача да предводи тим во Премиер Лигата.

Фергусон можеби се ближи до 70тиот роденден, но тој воопшто го нема загубено ентузијасмот за играта и останува страсен и одличен за успех исто како и секогаш.

Францускиот интернационалец, Патрис Евра објаснува дека искусниот Шкот играл како ’мало дете’ во соблекувалната по елиминацијата на Манчестер Сити во Карлинг Куп полу-финалето, докажувајќи дека победите на Фергусон му значат исто како и секогаш.

Евра исто така верува дека Фергусоно никогаш нема да може да замине од Црвените Ѓаволи.

“Сер Алекс е дете. Го видовме тоа против Манчестер Сити. Тој е премногу емотивен.”

“Тој скокаше на сите страни како дете по натпреварот со Сити. Може да ви се прости доколку мислите дека тој никогаш претходно не победил на натпревар!”

“На 70 години, тој не се гледа себеси како седи дома, чита книга или гледа ТВ. Лично мислам дека тоа би му било досадно.”

“Мислам дека тој воопшто нема да стави крај на својата кариера. Се додека е силен ќе продолжи да биде тренер.”

“Тој ќе остане до својот последен здив.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...