Tuesday, 23 December 2014 13:42 Фудбал

Англија | Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон упати многу пофални зборови на адреса на Жозе Мурињо, вели дека Португалецот треба да биде пример за секој што сака да успее...



Шкотот никогаш не криел дека има голема почит кон ’Специјалниот’ и во интервју за BT Sport уште еднаш покажа колку го цени предводникот на Челзи.
 
„Навистина не е фер” – вели Сер Алекс Фергусон. „Изгледа добро, наликува на Џорџ Клуни со белите влакна”.
 
„Мислам дека е одличен пример, говори барем пет јазици”.
 
„Започна како преведувач на Боби Робсон, го следеше во Барселона, работеше под водство на Луј ван Гал, постојано учи”.
 
„Решителен е, сака да биде тренер. Никогаш не играл фудбал, ниту еден ден не бил фудбалер”.
 
„Кажете ми колку претседатели ќе ангажираат менаџер кој никогаш не играл? Сигурно ниту еден, но Жозе успеа”.
 
„Започна како тренер на мал клуб во Португалија, потоа се пресели во Порто со кого го освои првенството, УЕФА Купот и Лигата на Шампионите. Потоа се пресели во Челзи каде во два наврати триумфираше во Премиерлигата. Потоа седна на кормилото на Интер”.
 
„Тој е пример за секој што сака да успее. Не треба да дозволите бариерите да ве спречат да станете она што сакате”.
 
Жозе Мурињо важи за еден од најдобрите тренери на денешницата, има титули со Порто и Интер во Лигата на Шампионите, како и уште 14 други трофеи, помеѓу кои и успех во првенствата на Португалија, Англија, Италија и Шпанија. Погледнете го видеото тука.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...