Monday, 22 December 2014 14:28 Фудбал

Италија | Жозе Мурињо открива уште една интересна случка од неговата соработка со Марио Балотели, напаѓачот решил да гледа Формула 1 наместо да се појави на состанок со ’Специјалниот’...



Пред неколку години Португалецот откри дека му било забавно да работи со ’Супер Марио’ и покрај тоа што имаше големи недоразбирања со напаѓачот.
 
Жозе Мурињо тогаш истакна дека би можел да напише книга од 200 страни за неговиот однос со Марио Балотели која би била комедија.
 
Во интервју за BT, ’Специјалниот’ сега открива нова смешна сторија за напаѓачот.
 
Мурињо, како тренер на Интер, имал договорено состанок со Балотели во 14 часот.
 
Кога играчот не се појавил во канцеларијата на Жозе, тој веднаш му се јавил и го прашал каде е.
 
Марио Балотели одговорил дека бил да ги гледа квалификациите за Големата Награда на Италија и затоа не можел да се појави на состанокот.
 
Како оправдување за својата постапка, ’Супер Марио’ му рекол на Жозе Мурињо дека секој ден може да има состанок во неговата канцеларија, но Формула 1 во Монца има само еднаш во годината.
 
Жозе Мурињо тогаш бил лут на ваквото однесување на проблематичниот Марио Балотели, но сега се смее на овој инцидент.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...