Tuesday, 09 December 2014 14:02 Фудбал

Лига на Шампиони | Единаесет тимови ќе се борат за пет места во нок-аут фазата во последното коло од фазата по групи во најелитното европско натпреварување...



Денеска и утре на програмата е последното коло од фазата по групи во Лигата на Шампионите, по што ќе бидат познати сите патници во осмина-финалето.
 
На дофат се уште пет места за нок-аут фазата, а за продолжување на настапот во најелитното европско натпреварување конкурираат 11 тимови.
 
Клубови што веќе се помеѓу 16. најдобри: Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Баерн Минхен, ПСЖ, Барселона, Челзи, Порто, Шахтјор
 
Клубови што можат да обезбедат место во нок-аут фазата: Јувентус, Олимпијакос, Базел, Ливерпул, Монако, Зенит, Рома, Манчестер Сити, ЦСКА Москва, Шалке, Спортинг.
 
Група А
 
Олимпијакос – Малме
Јувентус – Атлетико Мадрид
 
Атлетико веќе има обезбедено место во нок-аут фазата и доколку не загуби со два гола разлика на гостувањето во Торино, ќе го обезбеди првото место во групата.
 
Јувентус ќе се пласира во нок-аут фазата доколку одигра нерешно, или пак доколку Олимпијакос не слави во Шведска. Со победа од два гола разлика, ’Старата Дама’ може да се избори за првото место во групата.
 
Олимпијакос ќе го продолжи настапот во Лигата на Шампионите доколку победи а Јувентус загуби. Со реми, шампионот на Грција ќе заврши на третато место и ќе се избори за настап во Лига Европа.
 
Малме со победа ќе заврши на третата позиција.
 
Група Б
 
Ливерпул – Базел
Реал Мадрид – Лудогорец
 
’Кралевите’ го имаат обезбедено првото место и против Лудогорец ќе бркаат само 100% учинок.
 
Базел ќе се пласира во нок-аут фазата доколку остане непоразен на Енфилд.
 
Ливерпул мора да победи доколку сака прогрес во осмина-финалето.
 
Лудогорец нема шанси за прогрес помеѓу 16. најдобри во Лигата на Шампионите, но можат да го продолжи настапот во Лига Европа со победа или пак со реми доколку Ливерпул загуби.
 
Група Ц
 
Монако – Зенит
Бенфика – Баер Леверкузен
 
’Фармацефтите’ има обзбедено билет за нок-аут фазата и ќе завршат на првото место во групата доколку победат. Првото место им е загарантирано и со бод но само доколку Монако не слави над Зенит.
 
На Монако му е доволен и бод за место во осмина-финалето, а реми може да им го донесе и првото место доколку Леверкузен загуби. Тие исто така ќе бидат први со победа доколку Леверкузен не слави против Бенфика.
 
Зенит мора да победи за продолжување на настапот во Лигата на Шампионите. Со триумф над Монако и пораз на Леверкузен, тие можат да го обезбедат првото место во групата.
 
Последното коло нема никакво резултатско значење за Бенфика, шампионот на Португалија останува на последното место.
 
Група Д

Галатасарај – Арсенал
Борусија Дортмунд – Андерлехт
 
’Милионерите’ го имаат обезбедено настапот во нок-аут фазата и играат за првото место во групата. Победа им го гарантира врвот на табелата, а и реми е доволно се додека Арсенал не забележи победа со повеќе од шест гола.
 
’Топџиите’ исто така се во осмина-финалето и во последното коло играат за првото место во групата. За да имаат шанси за врвот на табелата, Арсенал треба да се надева на лош резултат на Дортмунд и нивна голема победа на гостувањето во Истанбул.
 
Андерлехт ќе заврши на третата позиција и ќе игра во Лига Европа.
 
Галатасарај ќе заврши на четвртата позиција.
 
Група Е

Рома – Манчестер Сити
Баерн Минхен – ЦСКА Москва
 
’Баварците’ го обезбедија првото место во групата.
 
’Римската Волчица’ со победа е во нок-аут фазата. И реми им е во корист доколку ЦСКА одигра нерешено против Баерн. Доколку ЦСКА загуби, на Рома и е потребен натпревар без погодоци.
 
За ЦСКА да заврши на втората позиција, клубот од Москва треба да слави на гостувањето кај Баерн и да се надева дека Рома нема да го победи Манчестер Сити.
 
’Граѓаните’ мораат да победат и да се надеваат дека ЦСКА нема да триумфира во Минхен, или пак да одиграат рими на кое ќе има погодоци и да се надеваат дека ЦСКА ќе загуби. Доколку доживаат пораз комплетно ќе се збогуваат од Европа.
 
Група Ф
 
Барселона – ПСЖ
Ајакс – АПОЕЛ
 
’Светците’ се помеѓу 16. најдобри и ќе завршат први во групата доколку останат непоразени на Камп Ноу.
 
’Каталонците’ исто така имаат билет за нок-аут фазата, и со победа ќе завршат на врвот на табелата.
 
Ајас ќе го обезбеди третото место со реми.
 
АПОЕЛ Мора да слави над Ајакс за прогрес во Лига Европа.
 
Група Г
 
Челзи – Спортинг
Марибор – Шалке
 
Челзи го обезбеди првото место во групата со победата од 5-0 над Шалке во минатото коло.
 
Спортинг ќе се пласиа во осмина-финалето со реми.
 
Шалке мора да победи и да се надева дека Спортинг ќе загуби.
 
Марибор е надвор од Лигата на Шампионите но може да се избори за третата позиција со победа.
 
Група Х
 
Порто – Шахтјор
Атлетик – БАТЕ Борисов
 
Порто го обезбеди првото место.
 
Шахтјор дефинитивно ќе заврши на втората позиција.
 
Атлетик ќе заврши на третата позиција доколку остане непоразен.
 
БАТЕ мора да триумфира за обезбедување на третото место и настап во Лига Европа.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...