Monday, 01 February 2010 15:59 Фудбал

Медиумите од Италија говорат дека екипата на Интер е во преговори со Лацио и Палермо за ангажман на Ледесма односно Симплисио

Нероаѕурите во последните неколку дена мораа да ги менуваат своите трансфер цели за засилување на средниот ред.

Кристијан Ледесма од Лацио секогаш беше приоритет но тврдоглавоста на Клаудио Лотито придонесе Интер да се насочи кон Мануел Фернандез.

Сепак ангажманот на Португалецот пропадна во последен момент откако Фернандес не ги помина лекарските прегледи.

Поради тоа Нероаѕурите повторно се вратија на преговорите со Лотито за услугите на Ледесма и вчера се веруваше дека двете страни конечно постигнале согласност.

Но утрово се појавија информации кои велат дека директорот на Интер, Марко Бранка вчера бил на состанок со управата на Палермо и постигнал договор за ангажман на Фабио Симплисо.

Ваквите вести вчера ги потврдија Palermo24.net и Sky Sport Italia а тоа го потврди и агентот на Ледесма, Д’Иполито.

“Не е официјално, но можеме да сметаме дека Симплисио е играч на Интер.” – рече агентот на Ледесма, Винченцо Д’Иполито за Sky Sport Italia.

“Палермо и Интер постигнаа договорот во неделата навечер, бидејќи Бранка не можеше повеќе да го чека Лотито и неговата одлука за Ледесма.”

“Сега откако Нероаѕурите го ангажираа Симплисио малку за верување е дека ќе го ангажираат Кристијан.”

Но медиумите од Италија велат дека Интер сеуште не се откажал од преговорите со Лацио.

Понудата од околу 8,5 милиони евра како и услугите на еден играч од младинската школа за ангажман на Ледесма сеуште е пред Лотито.

Исто така се најавува дека Нероаѕурите во овој последен ден од трансфер периодот ќе извршат уште еден обид да го ангажираат Коларов и можно е двајцата играчи на Бјанкочелестите да преминат на Џузепе Меаца.

Трансфер пазорот завршува во 19 часот и до тогаш сите договори мораат да бидат доставени до Лига Калчо па до крајот на денот ќе биде се познато.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...