Македонија | Фудбалската Федерација на Македонија и официјално покренува иницијатива за регионално клупско натпреварување во кое би биле вклучени 13 земји...
Ова натпреварување би требало да го сочинуваат екипте од регионот кои би испаднале во квалификациите за Лигата на Шампионите и Лига Европа.
Идејата на ФФМ е екипите кои ќе учествуваат во натпреварувањето да бидат поделени во шест групи со по седум тима. првите две би се пласирале во елиминациска фаза. Победникот од натпреварувањето да добие директен пласман во Лигата на Шампионите, а вицепрвакот да игра во плеј-оф за влез во ЛШ.
Според предлог системот натпреварите од регионалното натпреварување би се играле во термините за пресметките од ЛШ и ЛЕ. Сезонава вкупно 36 екипи од регионот беа елиминирани од квалификациите за Европските купови.
Во овој проект покрај Македонија би биле вклучени екипи од Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Кипар, Грција, Турција, Унгарија и Романија.
Во перидот од 2014 до 2017 предлогот би бил ставен на анализи и разгледувања од страна на службите на УЕФА, а ако има согласност од сите страни, регионалната лига би можела да започне.
„Идејата ја презентиравме пред надлежните структури во УЕФА, го разгледувавме предлог системот за натпреварување во регионалната лига и можноста од 2018/19. година лигата официјално да започне како дел од системот на Уефа" - вели претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
„Треба да се формира работна група која детално ќе ја развива идејата за новото клупско регионално натпреварување. Идејата е клубовите да одиграат многу повеќе меѓународни натпревари и доколку испаднат од квалификациите за Европските купови, проблем со кои се соочуваат речиси сите екипи од окружувањето и да им се даде нова можност за квалитетни натпревари кои предизвикуваат интерес кај јавноста и публиката на стадионите".
„Низ неофицијалните разговори, претставниците на Националните асоцијации од нашиот регион многу позитивно се изјаснија по предлогот, од причина што сите се соочуваат со истите проблеми - намален број на гледачи на стадионите, недоволен интерес за домашните првенства, мал број на меѓународни натпревари".
„Сметаме дека проектот е издржан, првичните реакции се позитивни и се надеваме дека заеднички ќе издејствуваме да дојдеме до конечна реализација на регионалното клупско натпреварување, иако идејата допрва треба да се операционализира. Клубови од регионот би играле поголем број на натпревари, интересот кај публиката за натпреварите би бил поголем, спонзорите и телевизиските куќи би имале одлична основа да го најдат својот интерес и конечно тимовите од регионот би добиле многу поголема шанса да влезат меѓу најдобрите во Лигата на шампионите или Лигата на Европа".
Извор: 24FUDBAL.com.mk