Wednesday, 19 November 2014 13:29 Фудбал

Англија | Медиумите од ’Островото’ пренесуваат дека Даниел Стариџ заработил нова повреда, Ливерпул нервозно ги чека вестите од деталните прегледи...



25 годишниот напаѓач е надвор од стројот од почетокот на септември, кога на должност со репрезентацијата на Англија ја повреди задната ложа.
 
Потоа, во октомври на тренинг Даниел Стариџ заработи повреда на листот на ногата по што беше одложен неговиот кам бек на терените.
 
Минатата недела тој почна да тренира со полна пареа и требаше да се врати во тимот на Ливерпул за дуелот со Кристал Палас, но најверојатно Брендан Роџерс нема да може да смета на неговите услуги уште неколку недели.
 
Како што пренесуваат медиумите од ’Островото’, Даниел Стариџ во понеделникот со накривување го напуштил тренингот, и се верува дека заработил нова повреда на задната ложа.
 
Ливерпул сега нервозно ќе ги исчекува вестите за сериозноста на повредата, менаџерот на ’Црвените’ попладнево треба да ги добие резултатите од деталните тестови.
 
Без Даниел Стариџ во составот, клубот од Енфилд мака мачи со формата оваа сезона и е бледа сенка на тимот што минатата сезона за малку ќе стигнеше до трофејот од Премиерлигата.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...